Изјави на партнерот што не треба да ги игнорирате

Доколку партнерот решил да ве изневери, можеби нема да можете да го спречите. Сепак, можете навреме да забележите дека нешто не е во ред и дали тоа има врска со вас.

izjavi-na-partnerot-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Некои од следниве изјави се јасен знак дека вашиот партнер не е задоволен од врската, па доколку ги слушнете, немојте да ги игнорирате:

„Воопшто не ме почитуваш“

Доколку често го слушате ова, време е да почнете да се грижите. Доколку партнерот смета дека не го почитувате и не го цените, тој се чувствува како да сте ја нападнале неговата машкост и неговата личност. Во овој случај тој може да побара утеха кај некој друг што ќе го цени повеќе од вас.

Можеби ќе се покае од неговата постапка, а можеби тоа ќе значи крај на вашата врска. Па, доколку партнерот ви каже дека не го почитувате, најверојатно тоа е точно. Добро размислете како се однесувате со него и отворено разговарајте за тоа што треба да го промените.

„Не ја видов пораката“

Доколку сте навикнати да се допишувате и партнерот ви враќа на пораките без многу доцнење, тогаш ова треба да ве загрижи. Најверојатно го знаете и неговиот распоред, па доколку задоцни кога е на работа, за вас тоа е оправдано.

Но, ако во последно време сè почесто „не ги гледа“ вашите пораки, можеби постои некој проблем. Најверојатно партнерот ја видел вашата порака, особено ако постојано го користи телефонот, но поради некоја причина решил да ја игнорира.

izjavi-na-partnerot-shto-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

„Ништо не ми е, сè е во ред“

Доколку веќе сте го прашале партнерот што му е, веројатно сте забележале дека нешто не е во ред. Со овој одговор тој ви покажува дека почнува да се затвора и наместо да ви каже каде бил или што се случило, ви дава кратки одговори. Во овој случај обидете се да разговарате со него.

Барања и забелешки во спалната соба

Кога и двајцата партнери се задоволни од сексот, никогаш не постојат барања, туку само предлози или спонтано пробување нови нешта. Но, доколку партнерот постојано бара дополнителна стимулација и ве критикува во спалната соба, тоа е јасен знак дека сака нешто ново.

Ова е нешто за коешто морате отворено да разговарате бидејќи незадоволството во сексот е голем проблем.

„Рано е сега да размислуваме за тоа“

Некои работи, како годишниот одмор, дочекот на Нова година и слично се планираат неколку недели, па дури и месеци однапред. Но, доколку партнерот не сака да разговара за ова, можно е да има и други планови.

На некој начин, тој ви кажува дека не е ни сигурен дали ќе бидете заедно до тогаш. И во овој случај најдоброто решение е отворениот разговор.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg