Како да не мешате емоции и страст? 5 големи разлики помеѓу љубовта и страста

Понекогаш не е лесно да се открие дали се работи за вистинска љубов или само физичка страст. Понекогаш ја мешаме хемијата со емоциите, а тогаш се создаваат вистински проблеми.

Ne mesajte emocii I strast ova se 5 golemi razliki pomegu ljubovta I strasta 01

За да ги спречиме овие непријатни ситуации и проблеми, ќе ви откриеме 5 големи разлики помеѓу љубовта и страста.

Недостаток на теми

Ако вашиот разговор се сведува само на секс или на договор за вашиот следен состанок, размислете дали е тоа нешто што навистина го сакате на долг рок.

Заедничките интереси и теми се една од клучните основи на врската, затоа не ги занемарувајте.

Различни погледи и ставови

Некои основни вредности се првиот тест за вашата компатибилност. Ако вашите ставови во области како што се религија, животен стил, сексуалност или семејни вредности се сосема различни, размислете дали некогаш би можеле да се замислите со таа личност во долга врска или брак.

Ne mesajte emocii I strast ova se 5 golemi razliki pomegu ljubovta I strasta 02

Нетрпеливост

Се обидувате да откриете дали ова е „вистинската работа“ или не? Со овој потег можете да си докажете дека станува збор за страст и дека хемијата помеѓу вас се намалува.

Всушност, сè што треба да направите е да ја рационализирате ситуацијата.

Лоша комуникација

Дали постојано си објаснувате еден на друг што навистина мислевте, а во никој случај не наоѓате заеднички јазик? Ова, за жал, значи дека вашата врска треба да остане само физичка.

Ne mesajte emocii I strast ova se 5 golemi razliki pomegu ljubovta I strasta 03

Запоставување на други луѓе

Во ред е да поминете низ оваа фаза, но кратко. Ако ги запоставувате важните луѓе во вашиот живот, како и вашата кариера, размислете дали тој или таа се грижат за вашата благосостојба и за вашиот живот надвор од четирите sидови на спалната соба?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава