Како да ја зајакнете вашата врска и да ја преживеете секоја љубовна криза?

Секој пар има свои подеми и падови во врската, и тоа е сосема нормално. Она што е важно е да ги надминете овие падови, а тоа можете да го сторите само ако сте силни.

Kako da ja zajaknete vasata vrska I da ja preziveete sekoja ljubovna kriza 01

Еве како да ја зајакнете вашата врска и да ја преживеете секоја љубовна криза:

Секогаш бидете искрени - Искреноста е еден од клучните делови на секоја успешна врска. Ова значи дека секогаш можете да зборувате за сè со партнерот, отворено, и на тој начин да ги „прескокнете“ сите пречки со кои се соочувате во врската.

Не се срамете да ги покажете емоциите - Никогаш не треба да се срамите да ги покажете емоциите пред партнерот! Понекогаш луѓето мислат дека плачењето или вознемиреноста е знак на слабост (особено мажите), поради што не ги покажуваат своите вистински емоции пред партнерот.

Како што рековме, важно е секогаш да бидете искрени со партнерот,  така е и со емоцијата. Вашиот партнер треба да знае како се чувствувате, дури и ако сте тажни или вознемирени. Молчење и криење на емоции може само да предизвика поголеми проблеми.

Работете тимски за зајакнување на врската - Јасно е дека врската не може да биде силна и стабилна ако само едната страна се обидува да ја зајакне. Обидете се да ја одржите емотивната и физичката блискост помеѓу вас.

Kako da ja zajaknete vasata vrska I da ja preziveete sekoja ljubovna kriza 02

Поставете граници  - Разговарајте отворено за тоа кои се вашите граници и што е прифатливо, а што не. Ова ќе спречи некој од вас да биде ненамерно повреден поради незнаење. Разговарајте за границите на време.

Имајте на ум дека сите имаме недостатоци - Прифатете го фактот дека вие и вашиот партнер сте само човечки суштества и никој не е совршен. И двајцата имате недостатоци, и двајцата ќе направите грешки, во и надвор од врската.

Секогаш разговарајте со партнерот за вашите недостатоци, пред да почнат да влијаат на врската.

Kako da ja zajaknete vasata vrska I da ja preziveete sekoja ljubovna kriza 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg