10 причини зошто е подобро да се венчате во 30-тите, а не во 20-тите години од животот

Доколку сте во вашите 20-ти, сигурно барем еднаш ве прашале кога планирате да стапите во брак. Но вие можеби не сe чувствувате подготвено, го немате најдено вистинскиот партнер или едноставно сакате да ѝ се посветите на кариерата.

nekolku-prichini-zoshto-e-podobro-da-stapite-vo-brak-vo-vashite-30-ti-a-ne-20-ti-godini-od-zhivotot-01.jpg

Иако нема ништо лошо во тоа да стапите во брак во вашите 20-ти, постојат неколку причини зошто е подобро да ја одложите венчавката до 30-тите години од вашиот живот.

Вашите 20-ти се „себичен“ период

Додека сте во 20-тите години од животот, вие сè уште се дефинирате како личност. Кога ќе наполните 30, веројатно ќе знаете кои сте и што можете да понудите во бракот. На оваа возраст многу полесно ќе ги споделувате искуствата со партнерот.

Во 30-тите комуницирате многу подобро

Во 30-тите нема да се расправате за секакви ситници и секогаш ќе барате решение со партнерот.

nekolku-prichini-zoshto-e-podobro-da-stapite-vo-brak-vo-vashite-30-ti-a-ne-20-ti-godini-od-zhivotot-02.jpg

Знаете што сакате

Мала е веројатноста дека во 30-тите ќе си го трошите времето со личност со којашто знаете дека немате иднина. Партнерот што ќе го одберете во 30-тите ќе биде личност со која сте сигурни дека ве очекува успешна врска.

Вашата самодоверба е многу поголема

Во вашите 30-ти ќе знаете како да го покажете најдоброто од себе. Ова, пак, ќе го направи бракот многу подобар.

nekolku-prichini-zoshto-e-podobro-da-stapite-vo-brak-vo-vashite-30-ti-a-ne-20-ti-godini-od-zhivotot-03.jpg

Најверојатно знаете како да управувате со вашите финансии

Парите можат да бидат голем проблем во бракот, а неретко луѓето се разведуваат токму поради финансиски проблеми. Сигурно не сакате да се расправате за пари додека сè уште учите како се справувате со нив. До 30-тата година веќе ќе ја знаете нивната важност и ќе носите подобри финансиски одлуки.

Кариерата ви е стабилна

Кога вашата кариера е стабилна, тогаш ќе имате време и енергија да им се посветувате на врските со саканите и со сопругот.

nekolku-prichini-zoshto-e-podobro-da-stapite-vo-brak-vo-vashite-30-ti-a-ne-20-ti-godini-od-zhivotot-04.jpg

Сте живееле сами барем еднаш

Доколку сте чекале да стапите во брак до вашите 30-ти, тогаш сигурно сте имале време добро да се запознаете. Сте научиле како да се грижите за себе, како да бидете одговорна личност и сега сте подготвени да го делите животот со некој друг.

Сте го пронашле вашиот глас

Најчесто луѓето во 20-тите се под притисок од семејството, пријателите и општеството. Но кога ќе стигнете до 30-тата година, вие ќе бидете доволно силни да истапите за себе. Ова, пак, ќе ви помогне да го најдете партнерот којшто е совршен за вас.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg