Зошто е добро да си сингл?

Љубовта е нешто што му е потребно на секој, а неретко луѓето се подготвени да жртвуваат многу за неа. Но, понекогаш, врските можат навистина да го закочат вашиот личен развој.

sloboda-produktivnost-energija-nekolku-prichini-zoshto-e-dobro-da-bidete-singl-01.jpg

Ова не значи дека никогаш не треба да најдете партнер, но во некои ситуации самотијата ви е всушност од корист.

Доколку подолго сте сингл, можеби и самите сте забележале дека тој период ви е најпродуктивен, но и најослободувачки.

Погледнете ги 10-те причини зошто е добро да бидете сингл:

Можете да правите што сакате

Каде да излегувате, што да јадете, каква музика да пуштите… Кога сте во врска, за сите овие нешта морате да правите компромис.

Но, кога сте сингл, имате можност да правите што и да посакате, а притоа да не наштетите никому. Не треба да ги земате предвид потребите и желбите на некој друг и можете вистински да бидете себични.

Не треба да го жртвувате вашиот комфор

Некои истражувања покажале дека кога сме сингл, спиеме најдобро. А веќе знаете дека добриот сон е клучен за силен имунитет, поздраво срце и намален ризик од мозочен удар или дијабетес.

Истовремено, кога ќе се вратите уморни од работа, нема потреба да обрнувате внимание никому и не мора да го жртвувате вашиот комфор.

sloboda-produktivnost-energija-nekolku-prichini-zoshto-e-dobro-da-bidete-singl-02.jpg

Ќе изгледате подобро

Факт е дека луѓето кои се во брак или долга врска почнуваат да се запоставуваат. Неретко, кога се во врска, луѓето почнуваат и да се здебелуваат.

Кога ќе бидете сингл ќе имате повеќе време за вежбање и грижа за себе.

Ќе го одржите контактот со пријателите

Најчесто на луѓето во врска им е тешко да најдат време за своите пријатели, бидејќи сакаат да бидат со нивните партнери. Сепак, тие сакаат да ја развијат и да ја подобрат нивната врска.

Но, оние кои се сингл почесто се социјализираат и на социјалните мрежи, и во живо. Ова е една од предностите на сингл животот – ви помага да излезете од удобната зона, да запознаете нови пријатели и да ги зачувате старите.

sloboda-produktivnost-energija-nekolku-prichini-zoshto-e-dobro-da-bidete-singl-03.jpg

Сами си го правите распоредот

Сингл луѓето имаат целосна контрола над нивното време. Кога сте во врска, треба да ги земете предвид и желбите и распоредот на партнерот.

Но кога сте сами, можете да правите што сакате, кога и да посакате.

Погледнете ги останатите причини на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg