Реченици што ги изговараат мажите кога навистина ја сакаат жената

Мажите потешко се отвораат кога станува збор за љубовта. На некои им е тешко да ги покажат своите емоции. На крајот на краиштата, кај нас важи правилото дека „вистинскиот маж“ треба да биде сериозен, мирен и без емоции.

Ovie frazi gi izdavaat Recenici sto gi izgovaraat mazite 01

Ако некој навистина се грижи за вас, сигурно ќе ги изговори овие 7 фрази:

1. Тоа ме потсети на тебе...

Оваа фраза покажува дека вашиот партнер мисли на вас дури и кога не сте заедно.

2. Ви дава прекари

Посилниот пол се однесува на овој начин само покрај жената со која се чувствува удобно, на која ѝ верува и за која навистина се грижи. Ова е начин да се доближите на емотивно ниво.

3. „Дозволи ми да ти помогнам“

Со оваа изјава, тој сака да ви покаже дека секогаш ќе биде тука за вас и дека можете да се потпрете на него.

4. „Ми недостигаш“

Кога ќе го каже ова, ги признава своите длабоки чувства кон вас. Сепак, важно е во кои ситуации ги кажува овие зборови. Ако го прави тоа само кога е осамен или кога му е здодевно, тоа не е љубов.

Но ако добиете таква порака од него, кога е на службено патување или со пријателите, тоа значи дека навистина се грижи за вас.

Ovie frazi gi izdavaat Recenici sto gi izgovaraat mazite 02

5. „Убава си“

Ако ви дава комплименти и се обидува да ве натера да се чувствувате како најубава жена на светот, верувајте дека тоа е вистинска љубов.

6. „Загрижен сум“

Мажот ќе се интересира за вашите проблеми само ако навистина се грижи за вас. Ако е секогаш тука кога ви е тешко и ако сака да знае што ве мачи, тој е вистинската личност за вас.

7. „Те сакам“

Најочигледната фраза која ја содржи целата храброст и отвореност. Ова, исто така, покажува желба да биде потполно искрен со вас.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg