Како да дознаете дали сте сексуално компатибилни со некого?

Сексот е важен дел од секоја врска и може да има огромно влијание врз вашата поврзаност со партнерот.

kako-da-doznaete-dali-ste-sekusalno-kompatibilni-so-nekoj-01.jpg

Недостатокот од секс може да предизвика фрустрираност и да ја намали блискоста помеѓу партнерите.

Сексуалната компатибилност, пак, е нешто што не можете да го предвидите, а е навистина важно.

Сепак, изгледа дека колку-толку, можете да одредите дали сте сексуално компатибилни со партнерот или личноста што ви се допаѓа.

Во едно истражување, научниците разгледувале 137 други истражувања за сексуалноста и дознале дека невротичноста, екстровертноста и сличните карактеристики можат да откријат каква е некоја личност во кревет.

Погледнете до кои заклучоци дошле според карактеристиките и откријте дали сте сексуално компатибилни со некого:

Екстроверти

Екстроверите се отворени луѓе кои сакат да излегуваат и да се дружат. Поради ова, овие луѓе полесно се впуштаат во сексуални односи, па неретко имаат и поголем број сексуални партнери.

Се покажало дека екстровертите преземаат и најголеми ризици за време на секс и често не користат заштита.

Овие луѓе се и позадоволни од нивниот сексуален живот и немаат многу искуство со негативни емоции за време на чинот.

Невротични луѓе

Невротичните луѓе често имаат проблем со анксиозност, гнев, самотија и други негативни емоции. Поради ова, често се незадоволни од нивниот сексуален живот и понекогаш чувствуваат негативни емоции за време на самиот чин.

Наводно, овие луѓе се најсклони кон сексуална дисфункција, особено подоцна во животот.

kako-da-doznaete-dali-ste-sekusalno-kompatibilni-so-nekoj-02.jpg

Отворени луѓе

Се покажало дека овие луѓе најчесто се хомосексуалци или имаат отворени ставови во врска со сексуалноста на другите.

Друг интересен податок е што хомосексуалните мажи и жени се многу поотворени личности од хетеросексуалните.

А, оваа особина, исто како екстровертноста, значи и поголем број сексуални партнери и отвореност за експериментирање.

Пријатни и совесни луѓе

Овие луѓе ретко покажуваат сексуална агресија и многу ретко изневеруваат. Истовремено, се покажало дека поретко имаат секс и имаат помал број сексуални партнери.

За нив, сексот за една ноќ речиси и да не постои, а неретко имаат и конзервативни ставови во врска со сексот.

kako-da-doznaete-dali-ste-sekusalno-kompatibilni-so-nekoj-03.jpg

Сепак, ова не значи дека сите луѓе можат да се сместат во овие категории. Карактерот на личноста може да ви открие нешто за вашата сексуална компатибилност, но не можете да знаете со сигурност.

Но воглавно, доколу сакате „див“ секс, побарајте личност со авантуристички дух. Ако уживате во бавен, сензуален секс, тогаш побарајте личност која ужива во длабоките разговори.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg