Петте најголеми лаги за совршениот брак

Не постои правилник за тоа како треба да изгледа нечија врска и нема појаснување за тоа како треба да сакате, да разговарате, да се расправате… Во совршениот брак партнерите никогаш не се расправаат и одговорностите се еднакво поделени.

Ova se pette najgolemi lagi za sovrseniot brak 01

Веројатно сте слушнале за ова безброј пати, но добро знаеме дека истото е далеку од вистината. Време е да престанеме да го следиме непостоечкиот идеал.

Експертите за врски ги откриваат петте најголеми лаги за совршениот брак:

Во „совршен“ брак не постои тишина која трае со денови

Многу луѓе мислат дека нема ништо полошо од тишината во врската. Но тивките денови не мора да ги уништат односите. Според психолозите, тие се едноставна реакција на прекумерни, тешки емоции како разочарување, гнев, лутина…

Вреди да се запамети дека тивките денови имаат смисла кога се краткотрајни и дека водат до искрени разговори за тоа што се случило. Само не дозволувајте тишината да трае премногу долго…

Среќните парови не се расправаат

Очигледно е дека луѓето се различни и многу работи се разбираат различно. Сепак, ова може да заврши со расправија - и нема ништо лошо во тоа.

Кавгата помага да се расчисти атмосферата и конечно да се промени нешто. Конфликтот е составен дел од сите меѓучовечки односи. Расправањето, сè додека не е деструктивно и насилно, не е негативна работа.

Секако, никој не смее да биде несреќен од врската, но емоционално интелигентните кавги се знак дека сте инвестирани во врската и дека сте подготвени да комуницирате и да ја направите вашата врска уште посилна.

Ova se pette najgolemi lagi za sovrseniot brak 02

Сооднос на давање и земање

За многу луѓе, основниот принцип на партнерство е давање и земање. Тие мислат дека кога едната страна ќе даде нешто, другата чувствува должност да возврати. Но овој принцип не може целосно да се примени.

На крајот на краиштата, врската не е како сметка за намирници и не можете да ја поделите 50:50.

Секогаш е жешко во спалната соба

Романтичните филмови нè хранат со љубовни парови кои секогаш се страсни во спалната соба. И секоја нивна блискост е полна со радост, и секако, завршува со оргазам. Но тоа во реалноста не е така.

Недостаток на време и замор се честа причина зошто сексот не е редовен. Меѓутоа, ако ова ви пречи, разговарајте со партнерот отворено. Можеби вашата врска влезе во рутина?

Многу парови немаат исто ниво на сексуална желба. Обидете се да разговарате за тоа. Разговарајте за најлудиот секс што сте имале заедно, забавувајте се, флертувајте, испробајте нови работи …

Ova se pette najgolemi lagi za sovrseniot brak 03

Сопругот е најдобар пријател

Истражувањата покажуваат дека само 30 проценти од жените сметаат дека сопрузите се најдобри пријатели. Главниот приговор на мажите е дека не можат да слушаат исповеди. Светот на женските емоции им изгледа премногу комплициран.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg