5 можни причини зошто луѓето бараат доминанти партнери

Додека ширум целиот свет жените се борат за своите права, некои од нив сепак сакаат да имаат доминантен партнер.

5-mozhni-prichini-zoshto-lugjeto-baraat-dominantni-partneri-01.jpg

Едно истражување тврди дека девојчињата се израснати на таков начин, што потсвесно посакуваат партнер кој ја презема контролата и ги донесува сите одлуки.

Проблемот е што повеќето не се ни свесни дека привлекуваат само доминантни партнери, а нивниот карактер има голема улога овде.

Но, не се само жените оние кои одбираат доминантен партнер и истото може да им се случува и на мажите.

Доколку сте забележале дека имате историја со доминанти партнери, погледнете кои се можните причини за тоа:

Жените ги привлекуваат лоши момци

Ова не е стереотип, туку факт. Обично доминантните мажи пушат, пијат, имаат тетоважи и се однесуваат импулсивно. Овие карактеристики, пак, им изгледаат возбудливо на жените, па тие стануваат лесна „мета“.

Токму ова им овозможува на „лошите момци“ да преземаат контрола.

5-mozhni-prichini-zoshto-lugjeto-baraat-dominantni-partneri-02.jpg

Барате партнер кој ќе донесува одлуки за вас двајцата

Длабоко во себе, секој мисли дека ќе биде многу полесно ако не мора сам да ги донесува ситe одлуки. Поради ова, можно е да одбирате партнери кои ќе донесуваат одлуки за вас.

Со текот на времето, ќе се навикнете на ова, па ќе станете целосно зависни од партнерот.

Добрите луѓе ви изгледаат здодевно

Можеби не сакате партнер кој само ќе ви приредува романтични изненадувања и кој ќе ве држи за рака. Најверојатно сакате партнер со авантуристичка страна, некој кој ќе ви покаже возбуда.

Поради ова, добрите луѓе ви изгледаат здодевно, па завршувате со доминантна личност.

Не мешајте ја доминантноста со агресија и малтретирање

Да бидете доминантна личност е одлично, но понекогаш, ова може да ве направи насилни. Се разбира, ова не значи дека доминантните луѓе не знаат за љубов, но тие секогаш ќе сакаат да контролираат во врската.

Сепак, важно е да ја знаете разликата помеѓу доминантноста и малтретирањето. Доколку партнерот ве тера да правите нешто што не сакате, тогаш веќе станува збор за малтретирање. Во овој случај, тргнете се настрана што е можно побрзо.

5-mozhni-prichini-zoshto-lugjeto-baraat-dominantni-partneri-03.jpg

Детството има големо влијание

На крај, начинот на којшто сте израснати ќе ги одредува вашите врски. Ако вашите родители биле доминанти, тогаш ќе барате и таков партнер.

Причината е што вие сте навикнати на таков живот, па потсвесно ги барате истите одлики и кај потенцијалните партнери. Секогаш привлекувате доминантни партнери и ова се претвора во бескраен циклус.

5-mozhni-prichini-zoshto-lugjeto-baraat-dominantni-partneri-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg