„Ти благодарам што се откажа од мене“ – писмо до мажот кој си поигра со моето срце

Ова е за тебе – за мажот кој си поигра со моето срце и ми покажа каква може да биде вистинската љубов.

ti-blagodaram-shto-se-otkazha-od-mene-pismo-do-mazhot-koj-si-poigra-so-moeto-srce-01.jpg

Кога бев зафатена грижејќи се за тебе, ти дури не ни помислуваше на мене. Ми покажа лажен свет, а јас верував во твоите лаги.

Но, сега ја знам вистината. Сега знам колку вредам и не дозволувам да патам заради тоа што ме остави.

Всушност, благодарна сум ти за тоа. Твојата постапка ме научи на многу работи...

Ти благодарам што си поигра со мене. Пред тебе, земав сè при срце. Го гледав светот низ розови очила и не замерував за ништо, мислејќи дека љубовта е секогаш совршена. Но, ми ја покажа горката страна на животот и тажната страна на љубовта. Ми покажа дека не треба да верувам секому и ми докажа дека луѓето можат да бидат злобни.

Ти благодарам што ме лажеше. Пред тебе, бев личност која никогаш не ги гледа туѓите грешки и лоши постапки. Верував во совршениот свет и секој пат „паѓав“ на лажните изговори. Ти простував, затоа што верував дека не можеш да ме излажеш. Но ти благодарам што ми го докажа спротивното. Сега знам дека луѓето имаат две страни и не верувам во никого. Размислувам повеќе од двапати пред да поверувам во нешто што кажуваат луѓето.

Ти благодарам што им даде приоритет на твоите потреби пред моите. Секогаш бев твојот втор избор и наоѓав стотици начини како да ти го привлечам вниманието. Секогаш се чувствував како да морам да се натпреварувам за да го добијам местото што го заслужувам. Ти благодарам за тоа. Заради тоа што ми го направи, научив да се борам со други работи во животот. Тоа ми беше од голема помош.

Ти благодарам што ме научи дека единствената личност на која можам да се потпрам сум самата јас. Порано, секогаш сакав да имам некој покрај мене, дури и ако одам на шопинг. Но, ми покажа како да застанам сама на нозе. Ти никогаш не беше тука за мене кога ми требаше и секогаш морав сама да ги правам работите. Па, сега знам дека јас сум единствената личност на која можам да се потпрам и ти благодарам што ме научи на таа лекција.


Ти благодарам што се откажа од мене!
Сега се чувствувам целосно и исполнето. Уживам во животот максимално. Ти благодарам.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„Морам да имам секс по 3 часа за да останам во форма – дечко ми ме остави, не можеше да го следи мое... „Веќе 4 месеци ја држам оваа диета и да, тоа беше навистина интензивен период. Ц...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg