Поголема самодоверба и повеќе оргазми - Како се менува сексот после 40-тата?

Можеби повеќето мислат дека штом ќе стигнат до 40-тата, му се ближи крај на сексуалното задоволство. Но, изгледа важи спротивното.

pogolema-samodoverba-i-povekje-orgazmi-fakti-za-seksot-posle-40-tata-01.jpg

Всушност, сексот после 40-тата може да биде навистина фантастичен, а на вас останува да се потрудите малку.

Во продолжение погледнете кои се промените во сексот што можете да ги очекувате после 40-тата:

Ќе вложите повеќе труд

Нормално е после 40-тата да се намали нивото на одредени хормони во организмот. Ова важи и за мажите и за жените.

Проблемот е што ова намалување може да се одрази на сексуалната возбуда, желбата за секс и удобноста за време за секс.

За среќа, има решение – подолгата предигра би требало да го реши проблемот.

Ќе бидете похрабри

Знаевте ли дека паровите во 40-тите можат да имаат подобар секс од кога било? На оваа возраст ќе бидете мотивирани, ќе знаете што точно сакате од сексот, а ќе имате и поголема самодоверба. Токму ова ќе ви помогне дополнително да ја истражите вашата сексуалност.

Па, бидете креативни, играјте улоги, пробувајте нови пози…

pogolema-samodoverba-i-povekje-orgazmi-fakti-za-seksot-posle-40-tata-02.jpg

Оргазмот е подобар

Жените постари од 40 години чувствуваат поголемо задоволство за време на секс. Покрај опуштеноста и самодовербата, тие знаат што сакаат и не им е страв да го кажат тоа.

А, поради искуството, многу полесно доживуваат оргазам, па неретко се вели дека после 40-тите започнува нова фаза на сексуални искуства.

Анкетите покажале дека дури 70% од жените постари од 40 години почесто доживуваат оргазми за разлика од младоста.

Мажите се поиздржливи

Штом ќе наполнат 40, повеќето мажи ќе забележат дека можат да издржат подолго за време на секс.

Не е важно дали причината се годините или способноста да се „одложи“ оргазмот. Важно е што ова дефинитивно ќе го подобри сексуалниот живот и врската со партнерот.

pogolema-samodoverba-i-povekje-orgazmi-fakti-za-seksot-posle-40-tata-03.jpg

Понекогаш мажите ќе се соочат и со проблем

После 40-тата, кај мажите се зголемува ризикот од еректилна дисфункција. Стресот, високиот крвен притисок, неактивноста – постојат многу фактори што влијаат врз ова.

Сепак, еректилната дисфункција денес е проблем што лесно се решава, а важно е во „терапијата“ да го вклучите и партнерот.

Од помош ќе бидат и отворената комуникација, подолгата предигра, сексуалните помагала и слично.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg