Поголема самодоверба и повеќе оргазми - Како се менува сексот после 40-тата?

Ќе има и мирни периоди

Нема засекогаш да имате силна сексуална желба. Со текот на годините, нормално е да искусите и период на „затишје“.

Проблемот е што паровите во подолги врски обично ги прескокнуваат предиграта, заведувањето, праќањето интимни пораки и слично. Но, токму овие нешта можат одново да ја разгорат страста во врската.

pogolema-samodoverba-i-povekje-orgazmi-fakti-za-seksot-posle-40-tata-04.jpg

Лубрикантот или естрогенската крема вистински ќе ви се најдат

Понекогаш годините се причина зошто сексот е непријатен, па дури и болен.

Кога се намалува нивото на естроген, можно е да се појави сувост на вагината. Токму оваа сувост може да го направи сексот непријатно искуство.

Во овој случај можете да користите лубрикант. Истовремено, вашиот гинеколог може да ви препорача и естрогенска крема.

Полово преносливи болести и инфекции

Експертите тврдат дека зачестеноста на полово преносливите болести не е само кај младите, туку и кај луѓето постари од 40- години.

Лековите, средствата за контрацепција и намаленото ниво на естроген можат да ја направат вагината поподложна на инфекции.

Доколку, пак, имате нов сексуален партнер, не заборавајте да користите кондом.

pogolema-samodoverba-i-povekje-orgazmi-fakti-za-seksot-posle-40-tata-05.jpg

Обрнете внимание на здравјето на срцето

Кардиоваскуларното здравје е клучно за одржување на сексуалната функција.

Здравото срце има влијание врз можноста за постигнување и одржување на ерекцијата. Истовремено, ако се грижите за здравјето на срцето, ќе ги намалите несаканите дејства на лековите кои влијаат врз желбата за секс.

Од друга страна, пак, редовниот секс може да го преполови ризикот од појава на срцеви заболувања.

Сексот е важен и после 40-тата

Најчесто 40-тите се период кога партнерите се фокусираат на врската, минуваат повеќе време заедно и се поврзуваат на подлабоко ниво. Можете да го искористите ова време за да го зачините сексуалниот живот.

Анкетите покажуваат дека 85% од жените постари од 40 години сметаат дека сексот е еден од приоритетите во врската.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg