20 работи што треба да ги направите во првите 6 месеци ако сакате врската да трае

Првите 6 месеци од секоја врска се особено важни.

raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-prvite-6-meseci-ako-sakate-vrskata-da-trae-01.jpg

Овој период сè ви е ново и возбудливо, а ако сакате врската да продолжи во таа насока, би требало да направите неколку работи.

Без разлика колку е лесно да се „занесете“ на почетокот од врската, не треба да заборавите кои биле вашите очекувања пред да ја запознаете новата љубов.

За да се осигурете дека вашата врска навистина ќе трае, во првите 6 месеци би требало да ги направите овие нешта:

Расправајте се

Колку и да ви звучи чудно, дури и најсреќните парови се расправаат. Па, важно е да знаете што можете да очекувате од партнерот во вакви ситуации.

Секоја личност се расправа на различен начин, па добро е да го знаете „стилот“ на партнерот пред да настане посериозен проблем.

Слушајте се еден со друг

Не сите луѓе имаат способност вистински да ги слушаат другите. Поради ова, во првите 6 месеци слушањето е можеби најважниот аспект од врската.

Важно е и вие и партнерот внимателно да слушате што има да каже другиот и вашата врска сигурно ќе стане посилна.

raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-prvite-6-meseci-ako-sakate-vrskata-da-trae-02.jpg

Бидете што е можно поискрени

Чувањето тајни е како отров за секоја врска.

Без разлика колку ја цените вашата приватност, ако не можете да бидете искрени со партнерот, тогаш нешто не е во ред.

Поддржувајте се

Важно е да ја покажете поддршката кон партнерот уште на почетокот од врската. Можеби нема да се согласувате со сите негови одлуки, но подобро да го поддржите отколку да му судите.

raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-prvite-6-meseci-ako-sakate-vrskata-da-trae-03.jpg

Не потценувајте ја вредноста на времето за себе

Секој знае дека на почетокот од врската не сакате да се одделите од партнерот ни за миг.

Токму поради ова важно е да одвоите и време за себе. Сигурно не сакате после некој месец да почнете да се чувствувате задушено од новиот партнер.

Прескокнете го планирањето и само забавувајте се

Лесно е да почнете да ја планирате заедничката иднина штом ќе најдете нова љубов. Но ова не е најдобриот пристап.

Во првите 6 месеци не планирајте ништо. Едноставно опуштете се и уживајте.

raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-prvite-6-meseci-ako-sakate-vrskata-da-trae-04.jpg

Разговарајте цела ноќ

Можеби ова е клише, но би требало да поминете барем една вечер во разговор.

На овој начин добро ќе се запознаете, ќе научите многу работи еден за друг и ќе ја зајакнете врската.

Давајте си комплименти

Доколку давањето комплименти не ви е силна страна, на почетокот од врската потрудете се околу тоа.

Комплиментите ќе му покажат на партнерот дека навистина ви значи и дека може да ви верува.

raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-prvite-6-meseci-ako-sakate-vrskata-da-trae-05.jpg

Најдете заеднички интерес или хоби

Нормално дека нема да ги сакате истите нешта со партнерот, но важно е уште на почетокот да најдете некој заеднички интерес.

Покажете му на партнерот дека сте флексибилни и дека сакате да пробувате нови нешта и покажете интерес за некоја тема што го интересира.

Почитувајте го вашето време

Денес можеби е нормално да ги игнорирате пораките од другите, но немојте да го правите ова на почетокот од врската.

Истовремено, кога ќе се договорите со новиот партнер за нешто, немојте да откажувате во последен момент. На овој начин ќе покажете дека го цените неговото време.

raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-prvite-6-meseci-ako-sakate-vrskata-da-trae-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg