85 години заедно, 80 години во брак – Која е тајната на најстариот брачен пар?

Како и секој пар, и Џон и Шарлот се запознале поради сплет на околности. Едноставно, тие се запишале на ист факултет, слушале исти предавања и седеле еден зад друг.

85-godini-zaedno-80-godni-vo-brak-koja-e-tajnata-na-najstariot-brachen-par-vo-svetot-01.jpg

Во 1934-та тие имале заедничко предавање по зоологија, а тогаш Џон имал 21, а Шарлот 20 години.

Денес тие имаат 105 и 106 години и на 22-ти декември ќе ја прослават 80-тата годишнина од нивниот брак.

Нивната врска е во Гинисовата книга на рекорди

Гинисовата книга на рекорди ги прогласи Џон и Шарлот за најстариот жив брачен пар. Па, сигурно ве интересира која е тајната за нивната долговечност, но и како издржале 80 години заедно.

И двајцата велат дека нема некоја голема тајна. Едноставно, треба да бидете сигурни кога ќе одлучите да бидете со некоја личност, а потоа да си се држите до одлуката.

85-godini-zaedno-80-godni-vo-brak-koja-e-tajnata-na-najstariot-brachen-par-vo-svetot-06.jpg

Наводно, на Шарлот ѝ биле потребни 5 години да се одлучи да стапи во брак, иако во тој период ова било невообичаено.

Причината била што нивната врска цутела за време на Големата депресија. Па, и двајцата сакале да заштедат некој денар пред да го започнат заедничкиот живот.

Тогаш Шарлот работела како наставничка, а Џон бил фудбалски и кошаркарски тренер.

85-godini-zaedno-80-godni-vo-brak-koja-e-tajnata-na-najstariot-brachen-par-vo-svetot-08.jpg

Скромна церемонија за еден од најдолгите бракови

Кога конечно се одлучиле дека сакаат да се венчаат, тие направиле навистина мала церемонија. Венчавката се одржала на 22-ри декември 1939-та, а имале покането само двајца гости.

Медениот месец го поминале во Сан Антонио, во хотел за кој платиле 7 долари од вечер.

85-godini-zaedno-80-godni-vo-brak-koja-e-tajnata-na-najstariot-brachen-par-vo-svetot-02.jpg

Џон и Шарлот се заедно 85 години, но во брак се „само“ 80.

Претходно, рекордот за најдолг брак им припаѓаше на Землира и Херберт Фишер, кои биле во брак 86 години и 290 дена. За жал, во 2011-та, Херберт почина, па сега титулата им припаѓа на Џон и Шарлот.

85-godini-zaedno-80-godni-vo-brak-koja-e-tajnata-na-najstariot-brachen-par-vo-svetot-03.jpg

Тајната за нивната долговечност

Додека биле заедно, Џон и Шарлот патувале и биле сведоци на секакви историски и технолошки развои. Но наводно, ова не е тајната за нивната долговечност.

„Тајната за долг живот е во умереноста“, велат и двајцата.

85-godini-zaedno-80-godni-vo-brak-koja-e-tajnata-na-najstariot-brachen-par-vo-svetot-07.jpg

Тие се хранат здраво и не пијат многу алкохол. Џон е сè уште физички активен и речиси секој ден оди во теретана.

Освен малите проблеми со слухот, изгледа дека и двајцата се со одлично здравје.

Џон и Шарлот немаат деца, а на шега велат дека можеби и тоа е причината за нивната долговечност.

85-godini-zaedno-80-godni-vo-brak-koja-e-tajnata-na-najstariot-brachen-par-vo-svetot-04.jpg

Интересно е што после 80 години брак, Џон и Шарлот не се расправаат.

Тие велат дека ако сакате мир и хармонија во вашите златни години, треба да намалите со расправите во младоста. За да го постигнат ова, тие никогаш не си легнувале пред да решат некој проблем.

85-godini-zaedno-80-godni-vo-brak-koja-e-tajnata-na-najstariot-brachen-par-vo-svetot-05.jpg

Наместо да му дозволат на проблемот да расте, тие веднаш се справувале со него. Секогаш биле отворени и искрени, а сметаат дека комуникацијата е најважното нешто во врската.

Кога ќе земете предвид дека Џон и Шарлот преживеале неколку децении заедно, изгледа треба да го послушаме нивниот совет.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg