Мажите забавуваат, жените проценуваат - која е поврзаноста на хуморот и љубовта?

Постои изрека дека, на крајот на денот, единственото нешто што е важно е партнерот да знае да нè насмее. Се разбира, не само што ова е индикатор за добра врска, туку хуморот е многу важна ставка во потрагата по партнер.

Mazite zabavuvaat zenite procenuvaat koja e povrzanosta na humorot I ljubovta 01

Некои луѓе имаат смисла за хумор, некои знаат да се шегуваат, а некои го ценат добриот хумор.

Хуморот се базира на комуникациски вештини и е еден од показателите на интелект и креативност на една личност.

Исто така, луѓето што ги гледаме како хумористични, ги перципираме како нежни и пријатни. Значи, хуморот е голем плус и ги покажува другите квалитети кај луѓето.

Но, кому му е важен хуморот и на кој начин?

Мажите забавуваат, жените проценуваат

Се чини дека мажите и жените различно гледаат на хумор при изборот на партнери. Мажите го потенцираат хуморот како свој квалитет и го користат како адут кога запознаваат потенцијален партнери повеќе од жените.

Жените, од друга страна, ја оценуваат смислата за хумор на партнерот и ја користат истата како индикатор за квалитет. На пример, мажите со поголема веројатност ќе го претстават хуморот како особина што ја поседуваат, додека жените ќе ја цитираат смислата за хуморот како особина што ја бараат кај партнерот.

Од друга страна, процената на мажот за смислата на хумор на жената не е поврзана со неговиот интерес за романтична врска со неа. Според овој заклучок очекуваме мажите да бидат хумористични и да нè забавуваат.

Но, со помош на хуморот добиваме и информации за нивниот интелект, топлина и други важни квалитети.

Mazite zabavuvaat zenite procenuvaat koja e povrzanosta na humorot I ljubovta 02

Теорија на еволутивна психологија

Според теорија на еволутивна психологија, жените во мажите бараат старател за себе и за семејството. Така, тие треба да обезбедат ресурси потребни за опстанок, но и да бидат посветени и грижливи кон децата, за жените да останат со нив.

Тука хуморот започнува со своја игра. Ако мажот, покрај грижата за опстанокот, има простор да биде хумористичен, тогаш има голем потенцијал. На жените, од друга страна, не им треба смисла за хумор за да привлечат посакуван партнер.

За нив е важно да се грижат за децата со цел да ги пренесат гените на новите генерации. Се разбира, во денешниот свет работите функционираат поинаку, но интересно е да се види како е еволуционото наследство сè уште присутно во нашата психа.

Mazite zabavuvaat zenite procenuvaat koja e povrzanosta na humorot I ljubovta 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg