7 знаци дека се вљубивте во недофатлив фраер

Сите знаеме колку може да боли кога страдаме за некој на кој сме му на последно место на списокот на приоритети. Некои момци ќе ве уверат дека сте им важни, и покрај тоа што ова не е вистина. Никој не сака да губи време со вакви “фраери“. 

Sedum znaci deka se vljubivte vo nedofatliv fraer 01

За да не влезете во оваа стапица, еве како да ги препознаете на време:

1. Тој упорно ви продава приказна дека не е подготвен за ништо сериозно. Вели дека не сака врска, но сепак ви се јавува, па мислите дека можеби сака нешто подлабоко. Се надевате дека ќе се смени, но дефинитивно треба да го слушате кога ќе рече дека не сака сериозна врска.

2. Зад него има лоша врска. Не очекувајте дека ќе се согласи на сериозна врска ако вие сте му прва девојка после лошата врска.

3. Иако е излезен со вас, цело време ги гледа другите жени. Едно е да се забележи убава личност, но тој дефинитивно не е подготвен за врска ако постојано ги гледа другите жени додека е со вас.

Sedum znaci deka se vljubivte vo nedofatliv fraer 02

4. Не сте му особено важни, а истото го покажува со своето однесување. Разбираме, има стресна работа што му одзема многу време, но ако инсистира да поминува секој викенд со другарите, а со вас излегува само „кога ќе најде време“, тоа не е во ред.

5. Не ве запознал со блиските пријатели. Се гледате редовно, неколку месеци, но тој постојано „заборава“да ве покани кога ќе излезе со своите пријатели. Ако ова се случува често, тоа не е случајна грешка - тој едноставно не е подготвен да ве внесе во својот живот.

6. Не се обврзува на ништо. Секој понекогаш мора да откаже договор или да доцни, но ова станува проблем ако истото стане навика.

Sedum znaci deka se vljubivte vo nedofatliv fraer 03

7. Испраќа нејасни сигнали. Зборува за брак и деца, па претпоставувавте дека е подготвен за сериозна врска, но потоа почнува да ве избегнува. Што значи тоа? Тоа значи дека е загреан за вас, само заради непосредната возбуда на ловот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg