Кои секс трендови ќе владеат во 2020-та?

Технологијата веќе неколку години интензивно е присутна и во спалната соба, а секако дека нема да ја прескокне и оваа година.

koi-seks-trendovi-ke-vladeat-vo-2020-01.jpg

Кои ќе бидат трендовите во сексот за 2020-та? Како ќе го зачиниме сексуалниот однос со партнерот? Кои се предвидувањата?

1. Љубовта се враќа на голема врата.

Поретко ќе се практикува секс без обврски иако звучи неверојатно. Кога се вмешани било какви емоции, поголема е веројатноста да сте траснпарентни за она што го сакате и да експериментирате повеќе во креветот.

Ова не значи дека повремени незадолжителни дружби се нешто лошо, правете го она што навистина го сакате, но ете, нека биде со љубов.

2. Жените знаат како да се самозадоволуваат.

И ова веќе воопшто не е табу тема. Тие се поопуштени со користење на технологијата и секс алатки.

koi-seks-trendovi-ke-vladeat-vo-2020-03.jpg

Бројките сè уште се поразителни – само 40-60% од жените мастурбираат во споредба со 95-99% од мажите. Земајќи го предвид фактот дека само 18% од жените може да доживеат оргазам со пенетрациски секс, не е ни чудно што сè повеќе се произведуваат непенетрациски уреди за припадничките на понежниот пол.

Кога сме кај уредите, не ги пропуштајте трите најпродавани секс играчки во светот.

3. Сексуално опуштање.

Отвореноста почнува да ги руши сите бариери и стигми поврзани со било каков физички срам – за изгледот на интимните делови од телото, сексуална дисфункција и различните сексуални желби.

4. Дигитална сексуалност.

Виртуелната реалност и секс роботите ќе станат дел од секојдневието.

koi-seks-trendovi-ke-vladeat-vo-2020-02.jpg

Иако се чини дека е тешко да ги научите роботите да покажуваат емоции или да се движат како луѓе, производителите постојано експериментираат со поинакви облици на роботи кои нè потсеќаат на луѓето.

„Дигисексуалец“ е личност која интегрира технологија како задолжителен и темелен дел во неговиот сексуален живот, и на која не и е потребна интима за да ужива во сексот (нешто што е спротивно на првото предвидување).

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg