Зошто ве залажуваат?

zosto-ve-zalazuvaat-povekjeНа не мал број жени и мажи им се случило да запознаат некого, да се гледаат со него, да сакаат  врска или мислат дека имаат врска, за на крајот да излезе...

 

...дека тој/таа воопшто не сака врска со нив, дека ги залажуваат и погрешно ги наведувале.

Зошто го прават тоа луѓето? Најчесто, но не секогаш, тоа го прават ненамерно.

Ова се некои од причините:

zosto-ve-zalazuvaat

1. Премногу се фини. Што е фино во залажувањето? Ништо, но се случува. Таа не е заинтересирана за него, а тој упорно и праќа СМС пораки, па таа е премногу фина за да не одговори на пораките.

Тешко и е директно да му каже дека не е заинтересирана за него, а со секој одговор на СМС пораките  тој помислува дека има шанси кај  неа иако таа не се брза да се види со него. Велиме „таа“ и „тој“, но може да биде и обратно.

2. Им се допаѓа вниманието. Детинесто? Егоманијачно? Можеби, но умее да биде пријатно кога некој ќе ве опсипува со внимание и ќе се труди да ве задоволи, дури и ако за таа личност не сте заинтересирани.

Добро, можеби вам не ви годи, но им годи на голем број луѓе, па затоа и не кажуваат категорично „не“. Не дека тие свесно залажуваат некого, едноставно уживаат во вниманието и не размислуваат за ништо друго.

3. Збунети се. Сигурно сте сретнале такви: не знаат што сакаат. Би сакале партнер или партнерка, а можеби и не. Не можат да ги преболат бившите па не се сигурни што прават со вас. Не сакаат да го расипат пријателството.

Ни самите не се сигурни што би сакале, па затоа ве држат поблиску до себе, но не премногу, или ни ваму ни таму. Најчесто, воопшто и не се свесни за тоа како нивното однесување влијае на вас и колку ве збунува, премногу се изгубени во сопствената збунетост и неодлучност.

4. Се поигруваат. И тоа, најверојатно не само со вас, туку со повеќемина. Такви се , сакаат да си поигруваат со луѓето.

Би можело да ве интересира:

„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: „Дали ставањето 'лајк' на фотки од други жени на Инстаграм е неверство?“ „Веќе две години сум со моето момче и замислувам да се венчаме и заедно да основ...
Секс поза „лазања“ – Не е толку комплицирана колку што звучи, а нуди незаборавно задоволство (18+) Ако сакате да го зачините интимниот живот, тогаш на менито можеби треба да ја вм...
Виe прашувате, македонски сексолог одговара: „Партнерот доживува оргазам за 2 минути, како да му пом... „Партнерот доживува оргазам многу брзо (за 2 минути буквално), како да му помогн...
Најчудните прашања за сексот што младите ги поставуваат на ChatGPT (18+) „Ако јадам многу чоколади или манчмелоу, дали мојата... знаете што, ќе има вкус ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg