Како се менува сексуалниот живот на жената во зависност од возраста?

Сексот е еден од најважните аспекти во романтичната врска. А, како се менуваме како личности, се менува и нашиот сексуален живот.

kako-se-menuva-seksualniot-zhivot-na-zhenata-spored-vozrasta-01.jpg

Всушност, во вашите 20-ти, 30-ти и 40-ти сексот може драстично да се промени.

Па, што можете да очекувате од сексот во секоја деценија од животот?

Што да очекувате во 20-тите?

Во периодот од доцниот пубертет, па до доцните 20-ти, повеќето жени се во најплодната доба од својот живот.

Веројатно токму поради тoa, на оваа возраст жените можат да бидат попребирливи. Повнимателно избираат со кого ќе спијат, но и не се многу опуштени. Ова, пак, не им дозволува да ги исполнат нивните сексуални желби.

Експертите сметаат дека како што се намалува женската плодност, кон крајот на 20-тите, така се зголемува нивното либидо.

Сепак, во 20-тите постојат и напнатост и желба за откривање на својата сексуалност и своите желби.

Добро е што повеќето жени во овој период редовно користат заштита при секс. Од друга страна, хормоналната контрацепција може да ја намали желбата за секс.

kako-se-menuva-seksualniot-zhivot-na-zhenata-spored-vozrasta-04.jpg

Што да очекувате во 30-тите?

30-тите се периодот кога повеќето жени се одлучуваат да станат мајки. Ако станат мајки, тоа може да влијае врз нивната желба за секс. Кога ќе го додадете и заморот од грижата за детето, јасно е зошто либидото се намалува.

После породувањето вагината се менува и нејзините мускули можат да станат послаби. Но, ова не треба да претставува проблем.

Добрите вести се тоа што во 30-тите, повеќето жени точно знаат што сакаат во кревет. Ако се во врска, поголема е веројатноста да ги споделат нивните желби со партнерот, а со тоа и да го подобрат сексуалниот живот.

kako-se-menuva-seksualniot-zhivot-na-zhenata-spored-vozrasta-03.jpg

Што да очекувате после 40-тите?

Во оваа доба кај многу жени започнува перименопаузата, односно период од околу 10-тина години пред почетокот на менопаузата.

Перименопаузата доаѓа со многу хормонални промени – се намалува нивото на естроген.

Овие промени можат да влијаат и врз желбата за секс. Истовремено, намалувањето на естрогенот може да предизвика и сувост на вагината, па да го направи сексот непријатен.

Сепак, речиси секоја жена вели дека сексот во 40-тите е најдобар.

Веројатно причината е што децата се веќе постари, кариерата на жените е стабилна и најважно од сè, во 40-тите самодовербата на жените е на највисоко ниво, па не им е страв да кажат што сакаат.

На оваа возраст исчезнува и стравот од несакана бременост.

kako-se-menuva-seksualniot-zhivot-na-zhenata-spored-vozrasta-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg