Јасно и гласно - Фрази што жените сакаат да ги слушнат за време на секс

И зборовите можат да бидат моќен афродизијак во кревет. 

Jasno i glasno Ovie recenici zenite sakaat da gi slusnat za vreme na seksot 01

Секој има свои желби кога станува збор за водење љубов, но овие пет фрази без сомнение ќе ги одобрат повеќето жени (секако може да ги приспособите на вашиот стил на зборување и секси речник).

„Кажи ми што сакаш“

Митот дека мажите треба да ни ги читаат мислите кога станува збор за водење љубов е одамна заборавен. Ако сакаме нешто, тогаш мораме да го кажеме истото.

Уште подобро е кога мажот покажува интерес за задоволството на партнерката.

„Да, имам кондом“

Самосвесните жени сами ќе се грижат за контрацепција. Но, секогаш сакаат да знаат дека нивниот партнер е свесен за важноста на одговорното сексуално однесување.

„Дали го сакаш тоа што го правам?“

Повеќето срамежливи жени можеби нема веднаш да го известат својот партнер што најмногу сакаат. Затоа, ова едноставно прашање може да биде ефикасен начин мажот да открие дали жената се чувствува добро или не.

Jasno i glasno Ovie recenici zenite sakaat da gi slusnat za vreme na seksot 02

„Го сакам твоето…“

Сите понекогаш се чувствуваме несигурно додека водиме љубов, затоа е секогаш убаво да се слушне што најмногу сака нашиот партнер кај нас. Таквиот искрен комплимент во интимен момент го крева чувството на доверба кај жените.

„Фантастична си“

Мажите сакаат кога жените ги фалат нивните сексуални вештини, но и мажите треба да ги фалат сексуалните вештини на нивните партнерки. Квалитетниот секс е двонасочен процес, со кој мора да управува еднаквоста.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава