Глумете недостапни, децата ќе ве спасат – Најлошите совети за успешна врска

Добро е да го чуете мислењето на третата страна за вашата врска. Вашите пријатели можеби гледаат пореално на работите, но понекогаш даваат драстични совети, особено ако се во моментот слободни. 

Ova se definitivno najlosite soveti za uspesna vrska 01

Сè им изгледа поедноставно отколку што навистина е. Ова се дефинитвно најлошите совети и митови за врски што сите сме ги слушнале сите:

Делувајте недостапно

Играњето игри, како „глумење недостапност“, генерално завршува со тоа што ќе останете сами. Покажете што чувствувате и сакате, немате што да изгубите.

Ако се преправате дека сте зафатени и мислите дека со тоа ќе покажете дека никој не може да ве освои, го правите спротивното.

Другата страна губи интерес и полека се повлекува, особено ако забележи дека сето тоа е само игра за вас.

Пронајдете некој што ги сака вашите хобија

Да се има партнер што ги сака истите работи звучи одлично, но генерално не завршува добро по секоја цена.

Некој што ви се допаѓа и кој сака да го помине животот со вас, ќе ги прифати сите работи поврзани со вас - и оние што ги сака, односно, не сака. Компатибилноста е најдобриот дел од врската.

Ova se definitivno najlosite soveti za uspesna vrska 02

Децата ќе ја спасат лошата врска

Односот кој е на многу нестабилен нема да го спасат децата. Можеби ќе ги маскираат лошите работи во таа врска, привремено, но истите ќе излезат на површина и врската ќе се распадне, а тоа е уште потешко за децата.

Задржете го бракот заради децата

Додека ова звучи како добар совет, на луѓето им е многу потешко да разберат дека врската или бракот немаат никаква понатамошна смисла. Сакаат да се разведат, но мислат дека е подобро да останат во лош брак, поради децата.

Попаметно и поздраво е детето да има разведени и среќни родители, отколку сите да живеат заедно и да бидат несреќни.

Вашиот совршен партнер ве чека некаде

Нема совршен партнер. Секој човек што ќе го сретнете ќе има недостатоци и ќе се појавуваат конфликти. Ако го прифатите овој факт, можеби вистинската личност ќе ја пронајдете многу побрзо од што очекувате.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg