Ги поддржува вашите одлуки - кои се квалитетите кои треба да ги има вашиот партнер?

Лесно е да се наведат непожелните квалитети на потенцијалниот партнер, но да се препознаат добрите квалитети е малку потешко. Што точно треба да поседува една личност да ја исполни улогата на ваш животен партнер? 

gi-poddrzuva-vasite-odluki-koi-se-kvalitetite-koi-treba-da-gi-ima-vasiot-partner-01.jpg

За да ви помогнеме да откриете дали вашиот потенцијален партнер е некој со кој сакате да се будите секој ден, разгледајте го следниот список и секако, не го пуштајте да си замине.

Ги поддржува вашите страсти и одлуки

Вашиот партнер треба најмногу да ве поддржува и поттикнува да истраете во вашите напори, без оглед како тоа може да влијае врз него.

Додава вредност во вашиот живот

Не во смисла на парична вредност - вашиот партнер треба да придонесе и да ве инспирира да се развивате, без разлика дали е попаметен или поамбициозен од вас.

Подготвен е за компромис

Можеби не секогаш ќе имате исто мислење за некои работи, затоа проверете дали вашиот партнер е отворен за вашите потреби и желби.

Се однесува добро кон вашето семејство

Ако вашиот партнер не покажува почит кон вашите пријатели и семејство, тоа тешко може да се игнорира, дури и ако тој или таа немаат проблем да покажат почит кон вас.

Ako vo vasiot zivot postoi nekoj so ovie kvaliteti ne go pustajte da si zamine 02

Го почитува вашето мислење

Вашиот партнер можеби не секогаш се согласува со вас, но треба да може да ги почитува вашите мислења и покрај тоа што се различни од неговите.

Се сака себеси колку што ве сака и вас

Најдобриот партнер е некој што може да биде и сам, без постојана зависност од вашето друштво или внимание.

Ви овозможува да бидете тоа што сте

Тешко е да се биде целосно среќен во една врска, кога сте принудени да потиснувате дел од себе. Не би требало да се чувствувате ограничено.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg