Што да правите во првите гледања со партнерот наместо клише вечери?

Можеби долго време баравте личност што ви се допаѓа и сега кога најпосле ја запознавте, не знаете што понатаму.

Kreativni idei za prv sostanok sto treba da gi probate 01

Не треба да се двоумите, туку треба да ја поканите на прв состанок без големи очекувања, но со надеж дека оваа приказна ќе трае. Којзнае, можеби 2020 е вашата година, кога станува збор за љубов.

Ова се неколку креативни идеи за први состанци што треба да ги пробате:

Натпревар во знаење

Ако сакате да го проверите знаењето на потенцијалниот партнер, „поканете“ го на натпревар во знаење. Можете сами да подготвите прашања за вас двајцата, а можете и да организирате поголем натпревар кој ќе ги вклучува и пријателите.

На овој начин не само што ќе го покажете вашето знаење, туку сигурно ќе најдете многу заеднички теми за разговор.

Секако, немојте да се обидувате да победите по секоја цена и немојте да го потценувате потенцијалниот партнер. Во тој случај, првиот состанок ќе ви биде и последен.

Спортски натпревар

Ако сакате куглање, јавање, пинг-понг или кој било спорт, тогаш предложете му на вашиот партнер спортска вечер. Се разбира, гледајте фокусот да биде на забавата, а не на вистинското натпреварување.

Доколку, пак, не сте од оние што сакаат да играат, секогаш можете да изгледате некој натпревар во живо.

Kreativni idei za prv sostanok sto treba da gi probate 02

Забавен парк

Сетете се колку го сакавте забавниот парк како деца. Можеби е вистинско време да ги освежите спомените. 

Побарајте го најблискиот забавен парк и одете на мала авантура. Овој состанок исполнет со возбуда и адреналин сигурно ќе ве зближи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg