Што е љубовта според познатите мислители и филозофи?

Писателите од областа на науката, психотерапијата, литературата, религијата и филозофијата ја откриваат нивната дефиниција за љубов. 

sto-e-ljubov-spored-poznatite-misliteli-i-filozofi-01.jpg

„Што е љубов?“ - минатата година, овие зборови биле едни од најпребаруваните на Google.

Во обид да се одговори на ова едноставно, а сепак комплексно прашање, ви ги претставуваме зборовите на неколку мислители:

Физичарот Џим Ал-Калили: „Љубовта е хемија“

Биолошки гледано, љубовта е моќна невролошка состојба, како глад или жед, само што е потрајна. Зборуваме за слепа и безусловна љубов, над која навистина немаме никаква контрола.

Љубовта во основа е хемија, додека страста е сексуалната желба која повлекува цела низа хемиски реакции во мозокот - феромони, допамин, серотонин, окситоцин …

Од еволутивна перспектива, љубовта може да се смета како алатка за опстанок на човечкиот вид што ни помага да одржуваме долгорочни односи и да воспитуваме деца.

sto-e-ljubov-spored-poznatite-misliteli-i-filozofi-02.JPG

Психотерапевтот Филипа Пери: „Љубовта доаѓа во многу форми“

За разлика од нас, луѓето во минатото немале едно име за неколку емоции. Денес сите работи ги нарекуваме љубов, а порано секоја емоција имала свое име. На пример, ерос - кога станува збор за сексуална љубов или агапе - кога станува збор за најчиста форма на љубов.

Сето ова е на некој начин љубов, но невозможно е да се очекува дека сите можни форми на љубов ќе ги исполни само една личност. Затоа имаме семејства - за емотивно да се надополнуваме.

sto-e-ljubov-spored-poznatite-misliteli-i-filozofi-03.JPG

Филозофот Џулијан Багини: „Љубовта е страсна обврска“

Невозможно е да се одговори на прашањето што е љубов, затоа што љубовта не е една работа. Постои љубов кон родителите, партнерите, децата, земјата, соседите, Бог. Сите овие љубови имаат различни квалитети, а секоја има свои варијанти - слепа, еднострана, трагична, упорна, возвратена, заведена, безусловна.

Но, во најдобар случај, љубовта е наша одлука, односно нашата страсна посветеност кон врската што ја негуваме и ја развиваме. Затоа љубовта е многу повеќе од чувството. Љубовта е страсна обврска.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg