20 прашања што морате да си ги поставите пред да се одлучите за брак

Кон каде се движи оваа врска?

Само затоа што ќе се венчате, не значи дека ќе се средат сите проблеми.

Размислете кои се вашите, но и очекувањата на партнерот, дали можете да ги исполните и кон каде всушност се движи вашата врска.

Дали навистина му верувам на партнерот?

Довербата е столб на секоја врска. Ако не можете да му верувате на партнерот, ако постојано се сомневате и сте загрижени, истото ќе се случува и во бракот.

Едноставно, не можете да бидете во среќна врска со личност на којашто не ѝ верувате.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-07.jpg

Дали сум во врска со добра личност?

Важно е да знаете дали вашиот партнер е добра личност. Дали е праведен, дали мисли на другите или е себична и злобна личност?

Морате да знаете со каков партнер ќе го поминете вашиот живот.

Дали партнерот ме привлекува?

Физичката привлечност можеби не е најважниот дел од врската, но присилувањето да бидете со некој само затоа што тоа ви изгледа правилно, не е фер ниту за вас, ниту за партнерот.

Мора да постои барем некаква привлечност помеѓу вас двајцата, особено ако размислувате за брак.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-08.jpg

Дали се однесувам како родител кон партнерот?

Многу е добро да се грижите за вашиот партнер, но размислете дали оваа грижа наликува на родителската. Дали понекогаш се чувствувате како мајка/татко на вашиот партнер?

Ако ситуацијата е ваква, нештата набрзо можат да станат многу комплицирани.

Дали партнерот безусловно ме поддржува?

Вашиот партнер, а и сопруг, треба да ви биде најголемата поддршка. Треба да знаете дека можете да се потпрете на него во секој даден момент.

Во спротивно, сигурно ќе настанат многу проблеми.

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-09.jpg

Дали се движиме во иста насока?

Некои парови ги избегнуваат големите и важни разговори бидејќи сметаат дека нештата сами ќе се средат. Но, ако вие и партнерот имате потполни различни верувања, цели и очекувања, кога-тогаш ќе бидете присилени да тргнете по различен пат.

Мора да имате барем приближно исти планови и цели за иднината ако сакате да продолжите како тим.

Дали созреваме заедно?

Вашата задача е да станете најдобрата верзија од себе и да живеете исполнет живот. Запрашајте се дали партнерот ви помага во овој развој, или ве кочи. Запрашајте се и за обратното – дали вашиот партнер созрева покрај вас или само „пропаѓа“?

20-prashanja-shto-morate-da-si-gi-postavite-pred-da-se-odluchite-na-brak-10.jpg

Дали јас сум сè уште јас?

Неретко се случува партнерите да го изгубат своето јас кога се во врска. Запрашајте се дали сте го изгубиле идентитетот во врската, или ниту вие ниту партнерот не сте го дозволиле тоа?

Вие двајца сте различни личности и никогаш не треба да ја изгубите индивидуалноста во врската.

Што ми кажуваат инстинктите?

Кога помислувате на брак со вашиот партнер, дали сте искрено среќни или имате сомнежи? Дали сметате дека нештата ќе стануваат подобри, или потсвесно ви е страв дека бракот може да уништи сè?

Понекогаш инстинктите најдобро ќе ви кажат дали е време за следниот чекор, па слушајте ги.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg