Кога партнерите ќе збеснат: Kако полесно да го преживеете периодот на изолација дома?


Кога партнерите ќе збеснат: Kако полесно да го преживеете периодот на изолација дома?

Стручните лица откриваат како полесно да ја надминете напнатоста којашто расте помеѓу вас и партнерот во овој тежок период на домашна изолација.

Kako-polesno-da-go-preziveete-periodot-na-izolacija-doma-01.png

Доколку се држите до пропишаните мерки во текот на пандемијата со COVID-19, шансите да се гледате со својот партнер, сопругот или останатите членови во семејството се многу поголеми за разлика од претходно.

Самоизолацијата ја зголемува анксиозноста и депресијата и овој период сигурно ќе влијае на односот што го имате со партнерот. Се предвидува зголемен број на разводи до крајот на годината.

„Нашите односи ќе бидат исклучително важни за нас во овој неизвесен период, но самоизолацијата, социјалното дистанцирање и грижата за финансиите ќе предизвикаат огромен притисок“.

Како да го надминеме сето ова?

Не претпоставувајте како се чувствува партнерот

Пандемијата поврзана со корона вирусот е нешто со кое не сме се сретнале досега, без разлика дали станува збор за социјалните односи или нашите врски. Ова е ново искуство за сите. Најважно е да не претпоставувате „на слепо“ дека другата личност во врската се чувствува исто како вас.

Понекогаш мислиме дека другите ги чувствуваат истите емоции како и ние. Претпоставките водат до огорченост кога излегува дека не сме биле во право. Поради тоа, водете јасни и отворени дијалози, наместо да читате туѓи мисли. Никој од нас не го искусил ова претходно и сите се носиме со товарот на поинаков начин, што е сосема нормално.

Комуницирајте

Покрај напнатоста и неизвесноста, може да биде навистина тешко да се води отворен дијалог, особено доколку сте уплашени или вознемирени. Кога чувствувате лутина или фрустрација обидете се сепак да останете обѕирни и да реагирате соодветно. Доколку сте анксиозни, најдобро е да кажете отворено што ве мачи.

Се препорачува да одвоите време (што секако го имате и повеќе од доволно) и да им објасните на најблиските дома што ве тишти и дека во одредена ситуација може да реагирате нетипично. Секако, ова не ја оправдува вашата грубост, но ја ублажува реакцијата која може да ја добиете подоцна од нив. Клучот е во комуникацијата.

Многу е лесно да ги обвиниме другите кога сме под стрес, но тоа не помага никому. Бидете што е можно повеќе јасни со зборовите, а доколку сте фрустрирани од целата ситуација своите емоции искажувајте ги во прво лице еднина.

Прифатете го фактот дека околностите се предизвикувачки

Потребно е да имате милост кон себеси за време на овој период. И покрај вашата добра волја во вакви непредвидливи околности многу веројатно е дека ќе се скарате дома. Она што е важно е начинот на којшто ќе се однесувате во тој момент. Доколку честопати се препирате и расправате, многу веројатно е дека разговорот ќе се претвори во разговор за вирусот.

Можеби вие сакате да знаете што е можно повеќе информации поврзани со ситуацијата, а вашиот партнер го одбива тоа. Запаметете дека секој се носи со стресот на различен начин и дека вашиот не е единствен, ниту пак можеби најправилен.

Големите кавги нека почекаат

Иако тензијата е нормална за време на овој период, не би требало да го користите истиот за да ги истакнете сите проблеми во врската. Големите кавги и сериозните разговори оставете ги за подоцна.

Можеби некој од вас има постари родители или други членови од семејството со здравствени проблеми поради кои се грижи. Обидете се да разберете дека овие луѓе им се на прво место на вашиот партнер во овој момент. Изберете ги своите битки и внимателно проценете дали ова е вистинското време за караница.

Погрижете се да најдете време еден за друг

Доколку двајцата работите од дома и се обидувате да ја одржите врската стабилна, тогаш јасно раздвојте го домашниот живот со „професионалниот“. Одвојте време за домашните обврски, но нека се случуваат надвор од „работното време“.

На многумина работењето од дома ќе им претставува проблем, па не си додавајте дополнителен стрес околу домашните обврски додека работите.

Треба да си воспоставите нова рутина:

- Не работете во пижами.

- Задолжително наоѓајте време за кафе, чај, оброк, ужинка.

- Доколку имате двор или градина, па макар и тераса излезете надвор и дишете длабоко.

- Немојте да работите со полно работно време.

Препораката е да уживате во заеднички интереси и активности, како гледање на нови серии и филмови или да научите нешто ново заедно со својот партнер.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 прашања чии одговори ќе го лоцираат проблемот во љубовната врска Ако чувствувате дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот, лоцирањето на пр...
Знаци дека сè уште не е време да имате заеднички буџет со партнерот Секоја врска има неколку важни фази – од првиот бакнеж и првото „Те сакам“, па с...
Не мора да знаете сѐ: Совети за бракот од разведена жена Дадете му крилја да ги следи соништата и жалбите сведете ги на минимум... Дад...