Украден момент од балкон во Париз, кој стана фотка за паметење

Сцената како од трејлер за романтичен филм ја направила фотографката Емили Тубер, дизајнерка која пред 18 месеци за првпат се доселила во Париз.

ukraden-moment-od-balkon-vo-pariz-koj-stana-fotka-za-pametenje-1.jpg

„Во Париз секој ден може да се открие нешто што инспирира – улици, галерии или трговски центри, возбудувањата никогаш не недостасуваат.

Но, со затворањето на музеите, парковите и рестораните, ни се чини како градот за момент да ја загуби душата. Истовремено, доби шанса да продише, а птиците да пропеат како никогаш порано,“ почнува да раскажува Емили.

„Почнав да фотографирам од својот стан, бидејќи бев фрустрирана што морав да бидам во изолација и што не можам да скитам по париските улици како некогаш. Но, тогаш сфатив колку многу можеме да видиме низ прозорецот, почнав да правам слики на кои порано не би обрнала внимание.“

Така настанала и романтичната фотографија која го обиколи светот.

„Ја направив нешто пред 8 часот навечер, во време кое во април во Париз се нарекува уште и час на благодарноста. Тогаш излегуваме на балконите и прозорите, за со ракоплескање да им се заблагодариме на сите оние кои помагаат во овие тешки моменти.

Фотографијата ја улови спонтаноста и посебноста на еден искрен момент. Токму затоа и стана вирална, бидејќи сметам дека го улови духот на она што луѓето сакаат да го почувствуваат и доживеат.“

ukraden-moment-od-balkon-vo-pariz-koj-stana-fotka-za-pametenje-2.jpg

ukraden-moment-od-balkon-vo-pariz-koj-stana-fotka-za-pametenje-3.jpg

ukraden-moment-od-balkon-vo-pariz-koj-stana-fotka-za-pametenje-4.jpg

ukraden-moment-od-balkon-vo-pariz-koj-stana-fotka-za-pametenje-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава