7 заповеди за оние кои се чувствуваат несигурно за време на секс

Многу луѓе, особено жените, се чувствуваат несигурно за време на секс. Наместо да уживаат, тие се грижат за нивниот изглед, за нивната „изведба“ и што уште не.

7-potsetnici-za-onie-koi-se-chuvstvuvaat-nesigurno-za-vreme-na-seks-01.jpg

Но, сексот треба да ви причинува задоволство, а не да биде извор на безброј грижи.

Затоа, следниот пат кога ќе се почувствувате несигурно, присетете се на овие работи:

Не мора да правите работи што ви се непријатни

Само вие одлучувате за вашето тело и никогаш не мора да правите работи што ви се непријатни. Нема потреба да брзате со првиот секс со новиот партнер ако не се чувствувате подготвено. Нема потреба да ги исполнувате туѓите фантазии ако сметате дека нема да ви се допаѓа тоа.

Ако сексуалниот партнер ви создава притисок да правите нешто што не сакате, тогаш веројатно сте со погрешна личност.

Вашето тело е прекрасно

Ако некој сака да има секс со вас, тоа значи дека го прифаќа и го сака вашето тело и нема потреба да се чувствувате несигурно поради вашиот изглед.

За време на секс, никој нема да обрнува на вашите недостатоци и ако мислите на тоа, само си скратувате од задоволството.

Вашето тело е прекрасно и време е да го прифатите тоа.

7-potsetnici-za-onie-koi-se-chuvstvuvaat-nesigurno-za-vreme-na-seks-02.jpg

Сите се движат со различно темпо

Немојте да го споредувате вашиот сексуален живот со оној на другите. Слободно побарајте совет или разговарајте за она што ви се допаѓа, но не треба да се споредувате.

Нормално е да имате подолг период без секс бидејќи не сте го нашле вистинскиот, нормално е да не сакате да имате секс на првиот состанок, нормално е да имате повеќе или помалку сексуални партнери од вашите пријатели. Секој се движи со различно темпо и затоа споредбите не ви се од никаква корист.

Во ред е да правите грешки во спалната

Без разлика колку долго сте сексуално активни, во ред е да направите и грешка. Никој не е експерт и сите врски се различни. Дури и ако новиот партнер е поискусен, тој никогаш претходно не бил со вас, па и за него целата ситуација е „нова територија“.

Ако сте во врска, со текот на времето ќе научите што ви се допаѓа на двајцата и сексот сигурно ќе стане многу подобар.

7-potsetnici-za-onie-koi-se-chuvstvuvaat-nesigurno-za-vreme-na-seks-03.jpg

Веројатно и партнерот се чувствува несигурно

Дури и луѓето со најголема самодоверба се чувствуваат несигурно во спалната соба.

Секогаш кога ќе се посомневате во себе за време на секс, не заборавајте дека и партнерот веројатно го чувствува истото.

Во ред е да се чувствувате несигурно, но партнерот не треба да биде причина за тоа

Ако причината за вашата несигурност се зборовите и однесувањето на партнерот, тогаш можеби сте со погрешна личност.

Не дозволувајте некој да ви ја руши самодовербата и не заборавајте дека личноста што не го почитува вашето тело, не го ни заслужува.

7-potsetnici-za-onie-koi-se-chuvstvuvaat-nesigurno-za-vreme-na-seks-04.jpg

Сексот не е најважното нешто во животот

Да, сексот е важен, но не треба да биде најважното нешто во вашата врска.

Ако сте во сериозна врска, многу поважни се довербата, поддршката, пријателството, љубовта… Кога ги имате овие работи, најверојатно ќе уживате и во сексот со вашиот партнер.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg