Те одбирам и кога ми викаш „Добро утро убава“, но и кога ме туркаш од себе

Едноставно е како и постоењето на светот: те одбирам тебе. Те одбирам во најдоброто светло, кога се смееш и си полн со радост.

Duri-i-sega-te-odbiram-tebe-01.jpg

Те одбирам кога си спонтан и сакаш да избегаме за време на викендот без никакви планови или место каде што би оделе. Те одбирам кога твоите разговори се неодложни и одвај чекаш да ги споделиш со мене.

Те одбирам кога твоите раце се ширум отворени за да ми дадеш цврста прегратка каква што само ти знаеш да дадеш. Те одбирам кога се превртуваш навечер во креветот и ме привлекуваш блиску до себеси.

Те одбирам кога ја слушаш музиката што прави да се чувствуваш живо и блескаш со енергија која ме привлекува да танцуваме.

Те одбирам кога не си покрај мене, но се будам со порака од тебе која гласи „добро утро убава“.

Те одбирам кога имам лош ден и случајно налетувам на порака од тебе на којашто пишува „те сакам“ и денот одеднаш ми станува подобар. Те одбирам кога влегувам во просторија и се вљубуваш одново во мене. Те одбирам бидејќи за мене си ретко богатство и твојата љубов прави да се чувствувам како милионерка.

Те одбирам кога стресот го докачува најдоброто од тебе и сè што сакаш е да се затвориш во себеси. Те одбирам кога болката од твоето минато е неподнослива и не можеш да се бориш со солзите.

Те одбирам кога работата ти создава стрес и радо би испил пијалак сам отколку да зборуваш со мене.

Те одбирам кога ме оттурнуваш од себеси и порадо би бил сам. Те одбирам кога си лут и не знаеш како да се справиш со лутината. Те одбирам кога не ме вклучуваш во плановите со твоите пријатели и излегуваш со нив.

Те одбирам кога животот си поигрува со тебе, те бутка надолу и сè што сакаш да правиш е да побегнеш. Те одбирам кога не знам што точно ти е потребно и ми велиш дека треба да ти дадам малку простор.

Те одбирам тебе дури и кога ти не го правиш тоа. Те одбирам дури и кога сите сигнали упатуваат дека треба да се откажам. Те одбирам кога срцето ми плаче да сум покрај тебе, но морам да те пуштам од себеси.

Нè одбирам нас молкум во деновите кога сакам да те побарам, но не го правам тоа, затоа што имам верба во времето. Нè одбирам нас бидејќи му верувам на моето срце.

Нè одбирам нас бидејќи секоја песна што ќе ја слушнам има зборови што ме потсетуваат на тебе и можам да те почувствувам. Те одбирам тебе бидејќи ми носиш радост каква што не сум почувствувала досега и никогаш повеќе нема да сум истата.

Нè одбирам дури и во лошите денови, нè одбирам нас и во прекрасните денови. Нè одбирам во деновите кога сме разделени, бидејќи одвај чекам повторно да бидам покрај тебе. Те одбирам тебе бидејќи ТЕ САКАМ.

Извор

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg