Предупредувачки знаци дека е време да престанете да спиете со него

Кога сте со вистинската личност, сексот сигурно ќе биде неверојатен. Дури и да се појават проблеми, ќе можете отворено да разговарате и да им најдете решение иако не е правило.

predupreduvachki-znaci-deka-e-vreme-da-prestanete-da-spiete-so-nego-001.jpg

Но ако се сомневате дека партнерот е со вас само поради секс, или никако не можете да ги решите несогласувањата, можеби е време да ѝ ставите крај на таа врска.

Во продолжение погледнете на кои знаци треба да обрнете внимание:

Вие барате нешто сериозно, но партнерот не сака да ја официјализира врската

Ако партнерот не е заинтересиран за ништо сериозно, само затоа што спиете со него нема да му го промените мислењето. Тој може дури и да го искористи тоа, без да ви даде нешто за возврат.

Чувствувате дека ве искористува само за вашето тело

Ако секоја ваша средба завршува со секс и ви се чини дека не правите ништо друго, можеби тој не е вистинскиот за вас.

После сексот се чувствувате лошо

Не заборавајте дека и вие треба да уживате во сексот. Ако се чувствувате непријатно, несигурно и лошо после сексот, тогаш дефинитивно има некој проблем.

predupreduvachki-znaci-deka-e-vreme-da-prestanete-da-spiete-so-nego-02.jpg

Сексот е одличен, но самата врска е „хаос“

Можеби сексот со овој партнер е одличен, но ако во „врската“ нема ништо друго што ви причинува задоволство, размислете дека можеби е време за крај. Врската само за секс не може да трае вечно.

Партнерот спие и со други луѓе

Освен ако не сте дискутирале дека сте во отворена врска, партнерот треба да ви се посвети само вам. Ако спие и со други, тоа е веќе неверство. Личноста што не ве почитува доволно за да ви биде верна не ве ни заслужува.

Повеќе немате желба да спиете со него

Ако веќе го гледате сексот како обврска наместо задоволство, време е да промените нешто. Немојте да се присилувате да спиете со личност со која не сакате и која прави да се чувствувате лошо.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg