Две прашања што ќе ви помогнат да откриете дали сте со вистинската личност

Иако звучи тажно, факт е дека повеќето љубовни врски не траат засекогаш. Раскинувањата се случуваат постојано и речиси сите имаат неколку партнери пред да го најдат вистинскиот.

prashanja-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-ste-so-vistinskata-lichnost-01.jpg

Но сигурно секојпат кога сте во врска се прашувате дали токму таа личност е вистинската за вас. Понекогаш е лесно да си го одговорите ова прашање и очигледно е дека треба да раскинете.

Но некогаш знаците за раскинување не се толку очигледни и ако чувствувате дека нешто не е во ред, се прашувате дали може да се реши тоа, или воопшто не вреди да пробувате.

Ако сте во ваква ситуација, постојат две прашања што ќе ви помогнат да ја донесете конечната одлука.

Прво прашање: Ако сега можете да се вратите назад во времето, на самиот почеток на врската, дали би ја продолжиле или би ставиле крај уште тогаш?

Со други зборови, дали сте со вашиот партнер бидејќи навистина го сакате тоа, или веќе сте поминале многу време заедно, па не ја гледате разделбата како опција.

Ова прашање ќе ви помогне да откриете дали партнерот навистина ви го дал тоа што ви е потребно, или сте останале со него бидејќи тогаш сте немале друга опција.

Ако не сте добиле ништо од него и останувате заедно бидејќи поминале неколку месеци, па дури и години, можеби тој не е вистинската личност за вас.

prashanja-shto-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-ste-so-vistinskata-lichnost-02.jpg

Второ прашање: Ако се разбудите утре како сингл личност, дали би почнале врска со сегашниот партнер?

Досега сигурно добро го познавате вашиот партнер, па кога ќе земете предвид сè што знаете за него, дали би почнале врска?

На овој начин нема да размислувате за последиците од раскинувањето, како тоа дали ќе му го скршите срцето на партнерот, па ќе сфатите дали сте со него затоа што вистински го сакате.

Партнерот треба да е личност што ви се допаѓа и со којашто можете да се забавувате. Ако сте со него бидејќи ви е страв дека некој од вас ќе биде повреден од раскинувањето, тогаш добро размислете.

На крај, само вие знаете што точно треба да направите и на вас останува да одлучите дали ќе се обидите да ја подобрите врската, или ќе ѝ ставите крај.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg