Како да превземете девојка

kako-da-prevzemete-devojka-povekjeВеројатно многу пати сте биле предупредени: „Таа има дечко!“. Дали е тоа крај на приказната или можеби почеток? Тоа само од вас зависи.


Тоа што има дечко не значи дека е нечија сопственост. Има слобода на избор и што е најважно има право на љубов и среќа.

kako-da-prevzemete-devojka

Доколку сте запознале девојка со која совршено се разбирате, која ви се допаѓа и со која пријатно се чувствувате, нема причина да му ја препуштите на некој друг. Врските се создаваат и пропаѓаат секојдневно.

Да, при тоа луѓето некогаш остануваат повредени, но зошто баш вие да бидете тој што ќе страда?

Испитајте го теренот. Можеби нејзината врска е на „лабави нозе“ и во блиска иднина ќе се прекине. Вие можете да бидете тој што ќе ја забрза работата.

Ако сте, можеби, зависници од забрането овошје, а таа во дворот на комшиите секогаш ви изгледа посвежа, ви советуваме сепак да се откажете бидејќи кога ќе ја превземете девојката, страста кај вас ќе ја снема.

Пред сè, не треба да „влетувате“ баш кај секоја зафатена девојка која ќе ви се допадне. Прво запознајте се со неа и продолжете со акцијата дури кога ќе пронајдете заедницки јазик, или заеднички интерес.

Набљудувајте дали таа се смее кога е во ваша близина. Тоа е одлучувачки фактор. Без насмевка на нејзините усни ваиот потфат е осуден на пропаст.

Внимателно проучете ги сигналите што ви ги праќа. Можеби таа е девојка што само сака да флертува. Не ви преостанува ништо друго освен да ја ставите раката во оган и да видите што ќе се случи ако продолжите со додворување.

Обидете се да дознаете дали и треба нешто, а нејзиниот сегашен дечко не и го дава. Можеби не ја теши доволно кога и е потребно, или пак го заборавил нејзиниот роденден? Од вас зависи дали ќе се обидете да ги пополните празнините кои тој ги оставил за да почне да ве споредува со него. Така таа може и да одлучи дека би и било подобро со вас.

Не би било лошо пред да почнете да и се додворувате да дознаете нешто и за нејзиниот дечко, за да не ве удри тупаница по лице од некој избричен двометраш на сред улица.

Би можело да ве интересира:

„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg