Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зафатен е за викенди и уште 4 знаци дека мажот со кој се гледате можеби е оженет

Тоа што нема бурма на рака кога се гледате, не значи дека дома не го чека друга жена – кои знаци откриваат дека можеби сте во врска со маж кој е оженет или има друга девојка и сериозна врска?

zafaten-e-za-vikendi-i-ushte-4-znaci-deka-mazhot-so-koj-se-gledate-e-ozhenet-01.jpg

Не сите знаци се толку очигледни и не мора да значи дека задолжително укажуваат на тоа дека е оженет или има девојка, но може да ви се најдат ако почнете да се сомневате.

Доколку нешто ви е сомнително, овие знаци може да ве поттикнат да истражите малку повеќе, но со сигурност не смеете да почнете веднаш да паничите и да правите сцени на непроверено.

Знаци кои откриваат дека мажот со кој се гледате може да е оженет или во друга врска:

1. Никогаш не е слободен за викендите. Никогаш не се случило да се соберете со друштво или да отидете некаде сами за викенд, бидејќи веројатно викендот му е посветен за семејството, а за вас го одвојува слободното време по работа.

2. Често се случува да не ви крене од прво ѕвонење. Го препишувате тоа на обврски, но може и да е бидејќи неговата жена/девојка седи до него, па го чека вистинскиот момент да ве побара.

3. Никогаш не излегувате на јавни места. Сака да се гледате во домашна атмосфера (можеби најчесто кај вас?), на интимни патувања кога тој ќе одбере датум или во тајни локали, во автомобил и на скришни места каде нема многу луѓе. 

4. Ви забранува да објавувате заеднички фотки на социјални мрежи. Може да има многу изговори за ова, но дали се вистинити или се крие нешто повеќе и не сака да го откријат?

5. Не знаете многу за него. Се гледате неколку месеци, но можеби не му ја знаете точната адреса, или каде точно работи, не знаете ништо за семејството ниту ве запознава со пријателите... малку чудно?

Секако, овие знаци се само аларм за малку повеќе да истражите што се случува и да заземете заштитнички став кон себе, а не веднаш да го обвините партнерот за нешто што можеби не е вистина.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека партнерот планира да ве напушти (и има план Б) Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано спо...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg