Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 знаци дека се соочувате со емоционално неверство

Кога станува збор за неверство, повеќето луѓе помислуваат на афера надвор од врската, но неверството не мора да биде само физичко – може да биде и емоционално.

6-znaci-deka-se-soochuvate-so-emocionalno-neverstvo-01.jpg

Емоционалното неверство не е очигледно колку „обичното“, но постојат некои знаци кои ќе ви помогнат да го забележите.

Ако се сомневате дека сте соочени со емоционално неверство, обрнете внимание на овие работи:

Партнерот ѝ се доверува на друга личност, а вам не ви кажува ништо

Сосем во ред е партнерот да има добар пријател на кого му кажува сè. Но ако сте во долга врска, а партнерот ги крие неговите чувства и мисли од вас и ги споделува со некој друг, тогаш веројатно станува збор за емоционално неверство.

Сите луѓе имаат различна претстава за тоа како треба да изгледа врската, но штом партнерот не ви се доверува вам, туку на личност надвор од врската, нешто не е во ред.

Партнерот се жали за вас на друга личност

Веројатно и вие сте ги споделиле љубовните проблеми со некоја блиска личност, но сигурно сте го направиле ова за да добиете совет.

Ако партнерот зборува лошо за вас со некоја друга личност, а потоа се преправа дека сè во ред, можеби станува збор за емоционално неверство.

Партнерот секогаш зазема одбранбен став

Расправиите се нормален дел од секоја врска, но нивната цел е да се реши проблемот и да се направи компромис. Ако партнерот секогаш зазема одбранбен став, дури и кога очигледно не е во право, можеби се обидува да ве манипулира.

Истовремено, ако секогаш наоѓа начин да ви ја префрли вината, тогаш дефинитивно сте соочени со емоционална манипулација.

6-znaci-deka-se-soochuvate-so-emocionalno-neverstvo-02.jpg

Партнерот никогаш не ве кани кога излегува со пријателите

Секој треба да има пријатели надвор од врската и, нормално, да се дружи со нив. Но ако партнерот секогаш ве изостава од овие дружби, нешто сигурно не е во ред.

Можеби тој не сака да ги знаете неговите пријатели, што е навистина погрешно ако сте во сериозна врска, па ве држи на далечина.

Партнерот ве обвинува дека сакате да раскинете

Кога се појавува проблем што ви пречи, дали партнерот ви вели дека е најдобро да му раскинете? Дали, можеби, постојано ве обвинува дека сакате да ја прекинете врската?

Ова е многу погрешно однесување што не би требало да го толерирате.

Партнерот ве лаже за пријателството со некоја личност

Веќе кажавме дека е сосем во ред и вие и партнерот да имате пријател на кого ќе му кажувате речиси сè. Но во овој случај, и вие и партнерот би требало да знаете каков е вистинскиот однос со овој пријател.

Ако партнерот ве вели дека не е близок со некоја личност, а очигледно важи спротивното, оваа лага дефинитивно спаѓа во емоционално неверство.

6-znaci-deka-se-soochuvate-so-emocionalno-neverstvo-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg