Не наседнувајте на клише

ne-nasednuvajte-na-klise-povekjeЉубовта е убава, љубовта е супер. Многу често љубовта е предмет на разговор, па од такви разговори и размислувања за љубовта со време се создаваат нови клишеа.


Ако се разочарате во љубовта, или сте депримирани поради недостаток на љубов, или пак нешто ви е чудно и сомнително, ќе се најде некој да ве утеши со некое од клишеата.

Еве некои најчести клишеа, како и причини зошто не треба да се верува во такви „мудри изјави“.

ne-nasednuvajte-na-klise

Љубовта ќе ве пронајде кога најмалку ја барате: добро, тоа може да излезе точно - да речеме, се случува со пријателката да одите на кафе, си разговарате, во тој момент не барате никого активно и тогаш баш ви приоѓа некоја интересена личност (или пак ќе видите, па вие ќе и пријдете). Сепак, тешко дека ќе ја најдете љубовта на вашиот живот (или било каква) доколку слободното време го поминувате покрај телевизор, јадејќи чоколади и гледајќи шпански серии (или пиејќи пиво и гледајќи бокс и фудбал).

Незнаењето е благослов: сега постои и тоа „има вистини кои никому не му се потребни“, но со ова клише треба да се биде многу внимателен. Незнаењето не е благослов доколку пропуштите да дознаете дека вашиот нов дечко/девојка штотуку излегле од затвор каде лежеле за убиство или пак се лечени или неизлечени алкохоличари или наркомани, дека имаат полно преносливи болести, дека ве лажат како се заљубени во вас, а всушност ги интересираат само вашите пари....

Разделувањето ја прави љубовта посилна:а што ќе правиме со она (кога веќе почнавме со мудри изреки) „Далеку од очи далеку и од срце“? Разделувањето може да ја зголеми физичката желба, тоа е точно, но ако разделувањето е често (да речеме, еден од партнерите често мора да патува по работа), тоа може да ја уништи врската, бидејќи партнерот што останува дома често пати ќе се чувствува напуштено и осамено.

Препорака кога се работи за клишеата: избегнувајте ги. Секој човек и секоја врска се приказна за себе и така и треба да се однесувате доколку не сакате врската да ви заврши поради некое клише.

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg