7 одлики на себичниот партнер

Дали се сомневате дека сте себични или сте одбрале себичен партнер?

7-odliki-na-sebicniot-partner-001.jpg

Партнерството би требало да биде тимска работа, влог од 50/50, но сепак, себичноста некогаш предоцна ја детектираме.

Кои се одликите на себичните партнери?

1. Себичниот партнер секогаш смета дека другиот греши. Мислите постојано им се со нарцисоиден карактер.

2. Планираат без да го вклучат другиот партнер. Сметаат дека другиот секогаш безрезервно треба да се прилагоди на нив.

3. Не прашуваат за туѓите потреби. Никогаш не знаат и не се трудат да дознаат дали партнерот има потреба од подобра работа, подобри пријатели, дали има семејни или финансиски грижи...

4. Константно се закануваат дека ќе си заминат ако не е по нивно. За нив не постои компромис и се користат со манипулации.

5. Очекуваат партнерот да ги сослуша, но не го нудат истото за возврат. Одбиваат да ги слушаат туѓите совети и идеи, бидејќи не ги ценат доволно.

6. Критичари се за секакви ситници. Ништо не ги прави среќни и постојано се незадоволни од нешто, па затоа се полни со критики.

7. Ја злоупотребуваат интимноста. Односно, повторно ја користат како манипулација зависно од тоа дали ќе биде по нивно или не, па врз база на тоа гледаат на физичката близина како награда или казна.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg