„Мојата партнерка не сака секс толку често како пред пандемијата, што да правам?“

„Од почетокот на пандемијата оваа 2020-та година мојата девојка и јас имаме секс помалку од порано. Пред тоа имавме секс по 4 пати неделно, но работите се променија…“, еден маж ја започнува својата исповед за Insider.

mojata-partnerka-ne-saka-seks-tolku-chesto-kako-pred-pandemijata-shto-da-pravam-01.jpg

Во серијалот прашања на Insider на тема секс проблеми пристигна ова:

„Од почетокот на пандемијата оваа 2020-та година мојата девојка и јас имаме секс помалку од порано. Пред тоа имавме секс по 4 пати неделно, но работите се променија и сега дури не се чувствувам добредојдено во нашиот дом.

Дали треба да се отселам? Дали треба да си пронајдам некој нов за секс?“

Каков совет доби овој маж од секс терапевтот на Insider?

„Никогаш не треба да се чувствуваш недобредојдено во својот дом, особено кога го делиш со некој што го сакаш.

Исто така, не мислам дека имањето повеќе секс со твојата партнерка или задоволувањето на сексуалните потреби надвор ќе стави крај на емоциите што ги чувствуваш. Не е сѐ до физичката интимност, потребна е и емоционална блискост.

Мора да зборуваш со твојата девојка за недостигот од секс што го чувствуваш.

Но, пред да го сториш тоа запомни дека 2020-та беше многу стресна година и дека стресот може да ја намали желбата за секс. Тоа не значи дека треба да имаш помалку секс од што сакаш, туку е фактор на кој треба да сметаш додека разговараш со твојата партнерка.

Фокусирај се на тоа како лично те погодува ситуацијата низ која минувате. Потоа, понуди решенија како заедно би можеле да ја надминете ситуацијата.

Те советувам да пристапиш без осудување, его и фрустрации, туку со љубов и желба да бидете повторно блиски како некогаш.

Прашај ја партнерката дали има нешто што ѝ недостига во сексуалниот живот, нешто што би ја возбудило и би ја направило позаинтересирана за да бидете интимни и кажи ѝ колку често ти би сакал да имате секс. Можеби и таа е незадоволна на темата, можеби сака повеќе квалитетно време со тебе или има желба да проба нешто ново во спалната.

Иако можеби нема да имате повторно 4 пати неделно секс како некогаш, голема е веројатноста дека врската ќе ви се зајакне затоа што конечно ќе почнете отворено да зборувате за тоа.“

С. С. | Црнобело / Фото: depositphoto.com

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg