Формула за среќен брак - сте слушнале за правилото 50-30-20?

Правилото 50-30-20 може да се примени во многу сфери од животот, од љубов до штедење пари. Иако овие две работи можеби на прв поглед се неспоиви, сепак се клучни за среќен живот и добар почеток на промена на навиките.

formula-za-sreken-brak-ste-cule-za-pravilata-50-30-20-01.jpgфото: pixabay.com

Експертот за љубовни врски, Венди Атенбери, наведува дека е важно да имате време и за партнерот и за себе. Затоа го предложува правилото 50-30-20.

Ова буквално значи:

  • 50% од времето треба да го одвоите за партнерот и вашата врска.
  • 30% од времето за пријателите и роднините.
  • 20% од времето за себе.

Така нема да имате изговор за да не одите на пијалак со пријателите или на детски роденден.

Не треба да го потценувате ниту времето посветено на врската со партнерот, затоа што истото води и до подобар сексуален живот.

Интересно е дека ова правило 50-30-20 може да се користи и за „планирање на парите“.

formula-za-sreken-brak-ste-cule-za-pravilata-50-30-20-02.jpgфото: pixabay.com

Принципот е следен:

  • 50% од месечниот буџет го користите за плаќање сметки, храна, превоз и кирија.
  • 30% од буџетот го одвојувате за патување, хоби, облека, дружба.
  • 20% од буџетот ги тргате на страна и тоа ви е заштеда. Овие пари настојувајте колку може подолго да не ги користите.

Иако можеби времињата и можностите не ви дозволуваат да одвојувате пари на страна, обидете се, колку-толку, на долг рок ова секако ќе ви се исплати.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg