7 навики кои изгледаат безопасно, а ја уништуваат љубовната врска

Дали и вие мислите дека изневерувањето е најлошото нешто што може да ѝ се случи на една врска? Секако дека е лошо, но не е единствено и има уште многу навидум безопасни навики кои сепак може да ја уништат врската.

7-naviki-koi-izgledaat-bezopasno-a-ja-unishtuvaat-ljubovnata-vrska-01.jpg

Ситниците кои секојдневно се повторуваат и ги гледате како нешто нормално и типично за вас или ви личат на обична кавга и несогласување, може да ѝ наштетат на врската и повеќе од што мислите.  

Кога љубовта ќе изгуби значење, секојдневието ќе стане монотоно, а однесувањето на еден од партнерите неподносливо – на љубовната врска ѝ дошол крајот.

Навики кои изгледаат безопасно, а кога ќе се соберат на куп - означуваат крај на љубовта:

1. Не се грижите доволно за себе, станувате мрзливи, заборавате да се средувате, влегувате во комфор зона и мислите дека нема потреба да го зачините секојдневието и дека страста треба да се одржува сама.

2. Имате недостаток на меѓусебна доверба, се сомневате еден во друг, си ги проверувате телефоните и го следите секој чекор на партнерот (и обратно).

3. Поголемиот дел од времето го поминувате на телефонот и не знаете што да правите кога ќе останете сами двајцата за да ви биде убаво и забавно.

4. Еден од партнерите покажува супериорност над другиот, не ги прифаќа ставовите и желбите на партнерот и го омаловажува.

5. Недостаток на искрена комуникација, разговорите се сведуваат на „комшиски муабети“.

6. Лажење за ситни работи кои нема потреба да се скријат ако врската се базира на доверба и разбирање - клуч за успех.

7. Избегнувате на дискусија за решавање на проблемите, а наместо тоа правите драма од секоја ситуација и се влошува уште повеќе.

8. Не се поддржувате еден со друг за напредокот и личниот развој, а добрите и лошите вести прво ги кажувате на сите други луѓе, па потоа на партнерот - или воопшто немате потреба да ги споделите. 

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg