„Мажите што не ја плаќаат сметката на првиот состанок се невоспитани“ – Експерт за врски се соочи со критики заради советите што ги дава

„Ако на првиот состанок момчето очекува да ја поделите сметката или да платите, тој не е за вас“ – тврди оваа експертка за состаноци, која објави свој „Прирачник со правила за успешна врска со партнер 'со висока вредност'“. Прочитајте кои партнери според неа имаат високи вредности и погледнете зошто нејзиното видео наиде на голем број критики во коментарите. 

kritiki-za-videoto-vo-koe-ekspert-za-sostanoci-tvrdi-mazite-shto-ja-delat-smetkata-se-skrzzavi-i-nevospitani-01.jpg

Дали сè уште важи правилото дека момчето секогаш треба да плати на првиот состанок или модерните жени сакаат долгот да се подели? Што сакаат девојките – некој да ги почести или да бидат независни?

Нели од Флорида себеси се претставува како врвен експерт за врски и на социјалните мрежи продава свој „Прирачник за освојување мажи со висока вредност“, а редовно објавува видеа во кои ги советува жените што треба да направат за да „уловат“ ваков партнер.

Според неа, мажите со висока вредност се оние што се на високи позиции во општеството, имаат изградена кариера, имаат голем број пријатели на високи позиции и имаат одличен углед во општеството.

Сепак едно нејзино видео привлече повеќе внимание од другите.

На нејзиниот ТикТок профил asknelly, таа објави видео во кое инсистира дека на првиот состанок мажите треба секогаш да ја платат сметката и понатаму додава дека жените врз основа на таа постапка ќе може да проценат дали нивните потенцијални партнери се убаво воспитани.

„Мажите никогаш не треба да дозволат жената да плати на првиот состанок. Ако сте поканиле некоја девојка да излезете заедно и потоа сакате да ја поделите сметката, тоа значи дека сте скржави и не сте воспитани добро.

Не сте кавалер и сакате да имате врски со некој што не е ваша класа“ – вели таа.

Kritiki-za-videoto-vo-koe-ekspert-za-sostanoci-tvrdi-mazite-shto-ja-delat-smetkata-se-skrzzavi-i-nevospitani-02.jpg

Според неа, мажите што немаат пари треба да изберат состаноци што не се многу скапи, а не да бараат девојката да плати за тоа што го нарачала.

„Наместо да одите на скапа вечера, подобро е да одите на пикник во парк“ – вели таа и додава дека и на најмодерните девојки им пречи ако треба да го платат својот дел од сметката.

„Не дека не можат да си дозволат да платат, туку тоа говори за вашиот карактер. Ако сте девојка и плаќате за првиот состанок, ќе ви кажам дека тој не е за вас“ – вели Нели.

Погледнете го нејзиното видео:

@ask.nelly I SAID WHAT I SAID ☝️?#datingadvice #datingadviceformen #datingadviceforwomen #firstdate ♬ original sound - ? Nelly ?

 Очекувано, нејзиното видео предизвика лавина од спротивставени коментари и критики упатени кон неа:

„Жени: Ако не плати, скржав е. Исто така жени: немојте да не обвинувате затоа што очекуваме мажите да платат, не сме спонзоруши“, „ЛОЛ што. Тој што го закажал состанокот, тој треба да плати“, „Повеќе сакам да си платам за себе. Така нема други очекувања“, „Нема никаква врска со парите или купувањето на нечие време. Едноставно таква е традицијата – како држење на вратата или да се биде љубезен. Особено ако сте биле поканети“, „Моето момче не плати на првиот состанок и излезе дека е најпрекрасната и најгрижливата личност што сум ја запознала и великодушна исто така“ – стои во дел од коментарите.

Што мислите вие кој треба да ја плати сметката на првиот состанок? 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg