12 добри причини зошто уште вечерва да имате секс (18+)

Сексот не е само за уживање и зближување со партнерот – од него има и многу придобивки кога станува збор и за физичкото, и за менталното здравје.

ja-namaluva-migrenata-gi-ublazhuva-simptomite-na-anksioznost-zoshto-redovniot-seks-e-dobar-za-zdravjeto-01.jpg

Сексот може да ви ја зголеми самодовербата и да ја намали анксиозноста, а истовремено да го намали ризикот од рак на простата, па дури и да им биде од помош на луѓето со камења во бубрезите.

Во продолжение погледнете неколку научно докажани придобивки од сексот:

Ја намалува анксиозноста

Истражување во кое учествувале студенти покажало дека сексот ја намалува социјалната анксиозност, а ефектите најмногу се чувствуваат следниот ден. Влијанието на сексот било уште подобро кога станувало збор за партнери во среќна врска.

Може да ви помогне да ги решите проблемите со партнерот

Изгледа таканаречениот секс за смирување по стресна караница навистина има позитивно влијание. Во едно истражување научниците го мереле нивото на кортизол во организмот на испитаниците пред и по сексуален однос. Резултатите покажале дека и кај мажите и кај жените кои имале секс се намалило нивото на кортизол.

Ја подобрува меморијата

Наводно, редовниот секс, заедно со интимноста и блискоста со партнерот, може да има позитивно влијание врз меморијата.

ja-namaluva-migrenata-gi-ublazhuva-simptomite-na-anksioznost-zoshto-redovniot-seks-e-dobar-za-zdravjeto-04.JPG

Може да им биде од помош на луѓето со камења во бубрезите

Камењата во бубрезите се мошне честа појава, но сексот може да биде од помош и во овој случај.

Според две посебни истражувања, мажите и жените кои имале сексуален однос барем трипати неделно имале поголеми шанси природно да ги исфрлат камењата од бубрезите.

Намален ризик од рак на простата

Истражување со 32.000 машки испитаници кое траело 18 години покажало дека кај мажите кои ејакулирале најмалку 21 пат месечно, ризикот од рак на простата се намалил за 20%, за разлика од оние кои ејакулирале 7 пати месечно.

Влијае позитивно врз самодовербата и менталното здравје кај луѓе со физичка попреченост

Според истражување во кое учествувале луѓе со физичка попреченост, сексот има поголемо позитивно влијание врз менталното здравје, за разлика од луѓето без попреченост.

Истражувачите откриле дека луѓето со попреченост кои се задоволни од нивниот сексуален живот имале поголема самодоверба, како и помали шанси да развијат депресија.

ja-namaluva-migrenata-gi-ublazhuva-simptomite-na-anksioznost-zoshto-redovniot-seks-e-dobar-za-zdravjeto-03.JPG

Добриот секс е добар за срцето

Кај жените, сексуалното задоволство е поврзано со подобро кардиоваскуларно здравје подоцна во животот. Според истражување, жените кои биле особено задоволни од нивниот сексуален живот имале многу помалку проблеми со кардиоваскуларното здравје.

Го регулира крвниот притисок

Сексот може да се смета и за физичка активност, и тоа не само затоа што согорува калории. Имено, сексот го забрзува пулсот и го регулира крвниот притисок, речиси исто како да сте отишле на прошетка во природа.

Може да ги ублажи симптомите на Паркинсонова болест

Активниот сексуален живот може да им биде од голема помош на лицата со Паркинсонова болест. Според 2-годишно истражување, кај луѓето со Паркинсонова болест кои биле сексуално активни поретко се јавувале поекстремните симптоми на болеста.

ja-namaluva-migrenata-gi-ublazhuva-simptomite-na-anksioznost-zoshto-redovniot-seks-e-dobar-za-zdravjeto-02.JPG

Помага кога имате мигрена

Според истражување во кое учествувале 400 испитаници, 73% од мажите и 58% од жените кои имале секс додека имале мигрена забележувале ублажување или целосно прекинување на болката.

Сексот ве прави посреќни подоцна во животот

Повозрасните лица кои се сексуално активни се многу посреќни, позадоволни и имаат поквалитетен живот.

Го зајакнува имунитетот

Имањето секс еднаш неделно го зголемува нивото на одреден антиген во телото, и тоа за 30%, со тоа зајакнувајќи го имунитетот.

Интересно е што истражувањето покажало дека оние кои имале секс повеќе од еднаш неделно, не постигнале подобри резултати.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg