Што е „фластер“ девојка и дали можеби сте една од нив?

Многу од новите измислени термини ни се непознати и понекогаш збунувачки. Еден од последните е кованицата „band-aid“ или во превод „фластер“ девојка.

Sto-e-flaster-devojka-01.jpg

Колку и да звучи смешно или збунувачко, сепак постојат многу добри причини за креирањето на овој модерен термин.

Со помош на следните показатели, лесно може да откриете дали можеби сте една од овие девојки:

Ви кажува дека поминува низ многу тежок период

Едно од посериозните црвени знаменца е фактот што сте се зближиле затоа што и двајцата поминувате низ тешок период. Или сте започнале пријателство затоа што тој чувствува дека лесно може да разговара со вас. Сепак, колку е одржлива врската кога и двајцата сте се зближиле затоа што сте се чувствувале екстремно лошо?

Вие сте единствената што го разбира

На почетокот може да ви звучи како комплимент. Вие сте „единствената“ што го сфаќа. Но, потоа сфаќате дека притисокот врз вас е огромен. Доколку ова ви го кажува пречесто, тој едноставно бара потврда дека не е луд. Тој е манипулативен. Сака да направи да се чувствувате дека МОРА да бидете секогаш тука за него.

Зависен е од вас

Кога ќе започнете да се зближувате може да ви изгледа дека тој е прилично вљубен во вас, бидејќи ви пишува постојано, па дури ви упатува и покани за дружба без некој специјален повод.

Но, тој продолжува да ве бара дури и кога знае дека сте зафатени или пак во ниедно време од ноќта само за да ви се пожали за нешто. Тој едноставно ја искористува вашата добрина и тоа што сакате да бидете покрај него.

Ви создава грижа на совест

Доколку сте му т.н. „фластер“ девојка која е тука само да покрие некоја рана, тој ќе ви создаде притисок и грижа на совест за да му бидете пристапни 24 часа, 7 дена во неделата. Ќе нема разбирање за вас и вашиот живот, бидејќи се става себеси на прво место.

Тој се менува кога му се менуваат околностите

На почетокот тој покажува наклоност и емоции кон вас, давајќи ви надеж дека имате некаква иднина. Се чувствувате дека конечно некој се грижи за вас. Но, ова се менува во моментот кога тој почнува да се чувствува подобро. Забележувате дека е воздржан за разлика од претходно и не сака ниту да зборува ниту да се гледа толку често со вас. Имате чувство дека ве бара само доколку му е потребно нешто од вас.

Ве третира како да сте му личен психијатар

Постојано го слушате како „меле“ за своите проблеми од приватниот живот, од работата и постојано му нудите совети и рамо за поддршка. Но, тој никогаш не се интересира како сте вие и дали вас нешто ве мачи.

Не може да ви објасни зошто му е убаво со вас

Дали некогаш ви кажал зошто сака да биде со вас? Доколку сака да му бидете во близина само затоа што вие го правите подобра личност, подобро да бегате од ваков човек. Тој ве користи за да полесно се соочи со сопствените стравови и демони. Тој нема намера да ви помогне вам.

Покажува емоции само кога нему му одговара

Во моментот кога ќе почувствува како се оддалечувате од него, го игнорирате или губите интерес, тогаш го вклучува својот шарм и станува емоционален и достапен. Колку повеќе работи сака од вас, толку повеќе работи ќе направи за вас, ќе ве опсипе со комплименти и подароци.

Ве користи за да ја потврди својата вредност

Тој сака да се чувствува привлечно, посакувано и вредно. Неговото его е она што му е битно. Дали воопшто се труди вистински да ве запознае вас? Веројатно не. Целиот свет се врти само околу него и неговите желби и потреби.

Има изговори секогаш и за сè

Кога вам ви е потребен, тој секогаш исчезнува. Има обврски, „фрки“, не може да стигне, веќе има планови… никогаш нема време за вас, затоа што не се грижи на истиот начин како вие за него.

Постојано потврдува колку е емоционално оштетен

Тој е еден од оние типови кои постојано потенцираат дека е емоционално оштетен, дека никоја не може да го сака, дека треба да се поштедите од драма и да го „баталите“.

На овој начин тој создава штит околу себе и ве манипулира, кога сè што всушност сака да слушне е како го фалите, колку е добар и колку многу заслужува љубов и внимание.

Се однесува како да е сингл, а не како во врска

Иако постојано флертува со вас, ве опсипува со нежност и внимание и имате чувство дека сте во некаква врска, тој се однесува повеќе како да е сингл отколку зафатен.

Постојано е активен на социјалните мрежи и опседнат со други девојки. Вистината е дека бара нешто подобро од вас, додека вие сте му „златната резерва“.

Никогаш не ве запознал со пријателите

Тој не сака да ве запознае со нив, затоа што смета дека нема сериозна иднина со вас. Ве користи како личен психотерапевт и емоционална поддршка, но не ве доживува како некој со кого може да гради иднина.

Никогаш не знаете кога ќе се видите

Бидејќи со него не може да направите никаков конкретен план. Тој е тука само кога нему сте му потребни. Кога последен пат излеговте заедно? Бевте во кино? На пикник или на викенд? Одговорот веројатно е – одамна или уште полошо, никогаш.

Покрај него се чувствувате исцрпено

Можеби нема да го забележите тоа веднаш, но откако ќе поминете подолг период заедно, сфаќате дека е токсичен и ви ја цица целата енергија и радост од вас. Дали е вреден за сите жртви и сето внимание што му го посветувате?

Штотуку излегол од сериозна врска

Веројатно бара само некоја занимација за да си го пополни времето. И колку и да ви кажува дека не е така, вистината е секогаш таа.

Ве споредува со поранешната девојка

Речиси сите го правиме ова, свесно или несвесно во напите глави. Но, кога ќе почне гласно да ви кажува – „бившата никогаш не правеше вака“ или „обожаваше кога го правиме ова“, треба да знаете дека е време да се завртите и да си отидете без да го свртите погледот назад.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg