За итни случаи

za-itni-slucai-povekjeИзлегувате на многу важен состанок, прв или еден меѓу првите. Во секој случај, сакате да оставите што подобар впечаток. Сè внимателно сте...


...испланирале – но и понатаму постои можност да се случи нешто непланирано,а  тогаш е неопходно на брзина да се импровизира.

Еве некои незгодни ситуации, како и предлози што да се направи ако сте баш таков баксуз:

za-itni-slucai

  • Многу внимателно сте го одбрале местото за состанок, но кога сте стигнале таму, излегло дека се работи за погрешно место (можеби баш тој ден услугата била лоша, музиката прегласна, или имало детски роденден.....) Без паника! Испијте го пијалокот кој веднаш сте го порачале,  а потоа предложете друго место за состанокот.
  • Ве фатил дожд и на состанокот сте стигнале жива вода. Ни во оваа ситуација не треба да се крева паника – само појавете се насмеани! Освен ако се работи за некоја болна педантерија, ќе ја шармирате другата страна со својот смисол за хумор и со фактот дека не се нервирате за ситници.
  • Доцните, а во брзањето сте го заборавиле мобилниот дома, па не можете да се јавите дека ќе задоцните. Тоа е навистина непријатна ситуација. Штом се појавите на состанокот, насмејте се, извинете се за доцнењето и прашајте дали можете да се одолжите со еден пијалок.
  • Изненадување број 1: потполно неочекувано, во кафуле (ресторан..или каде и да е) се појавува вашето друштво. Преставете им ја личноста со која сте излегле, а ако ви се придружат, љубезно замолете ги (секако да не забележи тој/таа со вас) што побргу да си одат.
  • Изненадување број 2: Бившиот партнер, или партнерка на личноста со која сте на состанок се појавува таму каде што сте и вие. Колку и да не ви се допаѓа ситуацијата, насмевнете се, бидете љубезни и немојте да зборувате лошо за него/неа.
  • Сте излегле смотани, сте истуриле вино, сте се засркнале додека сте јаделе.... секако дека ви е непрјатно поради тоа, но обидете се да ја сочувате ладнокрвноста. Насмевнете се, речете дека такви работи се случуваат често и спомнете дека можеби сте нервозни поради близината на така убава девојка/момче.

Има многу баксузни ситуации и тие се случуваат, но со малку смисол за хумор и малку ладнокрвност, можете дури и  да ги прикажете поволно.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg