Кои се најголемите стравови во сексот на мажите и жените и како да ги надминете? (18+)

Несакана бременост, прерана ејакулација, големина на пенисот – и мажите и жените имаат стравови кога станува збор за секс, а терапевтот Трејси Кокс открива како најлесно да ги надминете.

koi-se-najgolemite-stravovi-vo-seksot-na-mazhite-i-zhenite-i-kako-da-gi-nadminete-01.jpg

Кога станува збор за секс, и мажите и жените си имаат свои стравови, а можеби најинтересно е што тие се речиси целосно различни. Односно, работите за коишто се грижат жените, како изгледот на нивното тело, мажите често не ги ни забележуваат, а важи и обратното.

Трејси Кокс е секс терапевт од Британија, која за Daily Mail открива кои се најчестите стравови во сексот на мажите и жените, но и како да ги надминете.

Најголемите стравови на жените:

Бременост и сексуално преносливи болести

Нормално, и мажите се загрижени за сексуално преносливи болести, но Трејси вели дека обично жените се позагрижени за безбеден секс.

Покрај ризикот од несакана бременост, Трејси тврди дека за жените е полесно да се заразат со сексуално пренослива болест бидејќи ткивото на вагината е нежно и ризикот од инфекции е поголем кај нив.

И во двата случаи, кондомите се одлична заштита, но сите знаеме дека иако ретко, некогаш можат да се скинат. Сепак, Трејси нагласува дека најчестата причина за ова е човечката грешка.

Таа советува внимателно да се следат инструкциите за ставање на кондомот. Ако, пак, сте во врска и не сакате да користите кондом, со партнерот тестирајте се за сексуално преносливи болести и ако добиете негативен резултат, можете да се консултирате со вашиот гинеколог за други средства за контрацепција.

koi-se-najgolemite-stravovi-vo-seksot-na-mazhite-i-zhenite-i-kako-da-gi-nadminete-02.JPG

Страв од тоа како партнерот ќе им го гледа телото

Поради влијанието на социјалните мрежи, жените неретко имаат искривена слика за тоа како изгледа „совршеното“ женско тело, притоа заборавајќи дека најчесто тој изглед е недостижен. Ова, пак, создава несигурност која може да има влијание врз уживањето во сексот.

Ако сте во ваква ситуација, Трејси советува да не се фокусирате на вашето тело, туку само на уживањето кога сте со партнерот. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате, а не како изгледате.

Терапевтот вели и дека од голема помош ќе ви биде ако пробувате нови работи во спалната соба – на овој начин сигурно ќе се забавувате повеќе и ќе ви се одвлече вниманието од негативните мисли за вашиот изглед.

Што ако партнерот им суди за искуството?

Додека мажите се загрижени за тоа дали се добри во кревет, Трејси открива дека неретко жените се исплашени за тоа што ќе помисли партнерот ако тие изгледаат поискусни.

Односно, стравуваат дека партнерот ќе им суди бидејќи имаат поголемо искуство. Трејси нагласува дека овие верувања се застарени и не треба да имаат влијание врз вашиот сексуален живот.

Ако, пак, сте со партнер кој ќе прокоментира дека „премногу“ сакате секс или дека сте „премногу“ искусни, Трејси вели да му возвратите со прашање, како „Зошто ти пречи тоа? Дали мислиш дека не си доволно добар?“

koi-se-najgolemite-stravovi-vo-seksot-na-mazhite-i-zhenite-i-kako-da-gi-nadminete-03.JPG

Што ако не доживеат оргазам?

Оргазмот кај жените е покомплициран и постојат многу фактори кои можат да влијаат врз ова – од расположението на жената и проблемите во врската, па сè до замор. Важно е да знаете дека само затоа што не сте доживеале оргазам, не значи дека сексот не бил добар или дека не можете да уживате во него. 

Трејси вели и дека жените честопати ја прашуваат дали да глумат оргазам. Нејзиниот одговор е „Не“, а ако имате проблеми со доживувањето оргазам добро би било отворено да разговарате со партнерот за тоа. 

Кажете му што ви се допаѓа, кажете му што да прави, како да ве допира… Истовремено, нагласете му дека жените не секогаш доживуваат оргазам и обично тоа е нормално.

koi-se-najgolemite-stravovi-vo-seksot-na-mazhite-i-zhenite-i-kako-da-gi-nadminete-04.JPG

На следната страница најголемите стравови на мажите...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg