Тој и таа на летување

toj-i-taa-na-letuvanje-povekjeКонечно се договоривте: одите на летување! Тој му се радува на одморот и на излежувањето, вишокот на време и енергија за секс, таа има илјада...


...и еден план што сè треба двајцата да прават на летувањето.

Не се оди на летување секој ден – и затоа одморот треба да биде совршен, летување од соништата, од бајките, нешто на што ќе ви позавидуваат и пријателите.

toj-i-taa-na-letuvanje

Подготовки за пат: тој купува купаќи, освен ако нема некои стари, а таа оди на депилација, фризер, маникир, педикир, купува нови костуми за капење, секако и торба за на плажа која мора да е во тон со купаќите.

Кога ќе дојде време за пакување, тој ќе спакува минимум од минимумот, или уште помалку од тоа (дали да земе уште едни гаќи...или пак не) – идеално му е ако може сè да собере во најмалата можна торба.

Таа пакува половина гардеробер (нема врска што ќе бидат таму само десет дена, таа ќе понесе 20 маици, нема врска што ќе одат на некое тивко и пусто место, за секој случај ќе го земе малиот црн фустан, нема врска што во хотелот има фен, таа ќе го земе и својот, секако и пегла за коса, подвижна парфимерија....и секако барем шест пара чевли).

Тој не е баш најдобар кога е организацијата во прашање и заборавил да повика такси, па со сите тие куфери и торби што ги носат мора да се малтретираат со градскиот превоз. Сигурно следните 24 часа нема да сака да ја погледне.

Тој би се излежувал на плажа или во хотелска соба. Таа е за сончање, но сака да ги посети и сите туристички знаменитости, да присуствува на сите културни случувања (зошто инаку доаѓале тука, можеле и во некое село да отидат), да ги посети сите изложби и музеи...

Дури ни на летување не престанува кавгата околу далечинското: тој сака да изгледа некој натпревар, а таа некоја реприза од омилена сапуница (за да го утврди материјалот).

Што ќе се случи на крајот? На крајот по некоја врска ќе „пукне“ баш на летувањето, затоа што и тоа е некоја мини проба за заедничко живеење.

Сепак, најчесто крајот е среќен – двајцата се враќаат дома со најразлични сувенири и уште поубава и поцврста врска.

Какво е вашето искуство со летување во пар? Секогаш ли ви бил крајот среќен?

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg