10 илустрирани разлики помеѓу животот кога си сингл и кога си во брак
Што е различно кога си сингл, а што е различно кога си во брак?

Што се прави полесно, а што потешко? Сè си има свои предности и мани, прикажани низ неколку илустрации:
1. Кога си сингл, не мора да се грижиш дали личниот неред ќе му пречи на некој друг. Кога си во брак, стануваш поорганизиран, сакал или не.

2. Кога си сингл и не ти се зборува, можеш да молчиш. Кога си во брак и не си расположен, прво што ти се прави е да раскажеш на партнерот.

3. Кога си сингл имаш повеќе лични тајни. Кога си во брак многу полесно споделуваш непријатни ситуации.

4. Кога си сингл, секоја храна е добредојдена. Кога си во брак, повеќе пребираш и се храниш поздраво.

5. Кога си сингл, имаш кревет само за себе. Од друга страна, кога спиеш во пар, имаш кој да те стопли кога ти е ладно.

6. Кога си сингл, можеш да бираш на која забава ќе одиш, а на кој настан нема да се појавиш. Кога си во брак, одиш и на прослави на кои можеби не ти се оди.

7. Кога си сингл, чистиш кога можеш или сакаш. Кога си во брак, обврските ги делите по половина и побрзо ги завршувате.

8. Кога си сингл можеш да планираш што сакаш и кога сакаш. Кога си во брак, работите мора добро да се поклопат.

9. Кога си сингл, вежбаш за да изгледаш добро на плажа. Кога си во брак, вежбаш за да јадеш што сакаш.

10. Кога си сингл, можеш да направиш филмски маратон од она што тебе ти се допаѓа. Кога си во брак, мора да ги усогласите вкусовите и да поминете добри 2 часа во пребирање што да се гледа, за да направите филмски маратон.

Би можело да ве интересира:
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл?
Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“
„Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа
Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“
Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската?
„Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“
„Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
