Женски исповеди: „Какво ми беше искуството со маж со нетипична големина на полов орган? (18+)

„Запознав еден дечко со совршено тело и совршена смисла за хумор, но со навистина мал полов орган...“

zheni-bukvalno-opishuvaat-kakov-im-bil-seksot-so-mazhi-so-premal-ili-pregolem-polov-ogran-18-01.jpg

Веќе е добропознато дека големината на машкиот полов орган не е пресудна за квалитетот на сексуалниот однос, односно дека поважни се техниката, страста и емотивната поврзаност.

Сепак, што со случаите кога машкиот полов орган е навистина мал или претерано голем?

Жените раскажуваат какви искуства имале со мажи со нетипична големина на полов орган:

„Неодамна имав секс со маж со навистина голем полов орган и уште еднаш ми се потврди искуството дека мажите што се многу надарени се најневнимателните љубовници, односно сметаат дека со „дарот“ што им го дала природата завршиле работа и не се трудат воопшто за време на сексот.

Колку и да е голем половиот орган, ако жената добро ја подготвите при предиграта, сексот може да биде одличен, но не, тие не сакаат да се заморуваат, па искуството е непријатно.“

„Запознав еден дечко со совршено тело и совршена смисла за хумор, но со микро полов орган. При ерекција беше 5 сантиметри, морам да признаам дека бев вчудовидена и изреагирав лошо, па сето тоа не заврши пријатно. Сега, од оваа гледна точка навистина се каам за реакцијата, нехумано од моја страна, реално требаше да му дадам шанса.“

zheni-bukvalno-opishuvaat-kakov-im-bil-seksot-so-mazhi-so-premal-ili-pregolem-polov-ogran-18-02.jpg

„Запознав еден дечко на работното место, почнавме да излегуваме и кога дојде време за секс бев вчудовидена од малата големина на неговиот полов орган.

Почнав да се прашувам како ќе испадне сè, но тој настапи самоуверено, беше активен, ги користеше и прстите.

Искрено, толку многу внимание ми посвети што тоа ми беше најдобриот сексуален однос до тој миг. Сега, тој ми е сопруг и имаме две деца.“

„Мојот сопруг има навистина голем полов орган. Искрено, имаме одличен секс, но тогаш кога сака да се посвети на предиграта и кога сум многу возбудена.

Некогаш кога брза, чувствувам дури и мала болка при чинот и посакувам да имаше барем малку помал полов орган. “

„Се вљубив во прекрасен дечко, кој испадна дека има многу мал полов орган, но неговата техника беше едноставно уметност, плус сето тоа го надаполнуваше со орален секс и оргазмите со него не можам да ги заборавам до денес. Навистина големината не е пресудна.“

zheni-bukvalno-opishuvaat-kakov-im-bil-seksot-so-mazhi-so-premal-ili-pregolem-polov-ogran-18-03.jpg

Прочитајте и Мажи буквално опишуваат како изгледа нивниот оргазам (18+)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg