За што размислуваш?

za-sto-razmisluvas-povekjeАко сакате веднаш, во моментот, да го изнервирате и изиритирате партнерот/ партнерката, поставете им го прашањето од насловот. Тоа...


... прашање е сигурно едно од најдосадните и најомразените поставени кога сте во врска.

Се разбира сите ние сакаме да дознаеме како се чувствува нашиот партнер, но ова не е добар начин ниту обид за да дознаеме. Постојат повеќе причини за тоа.

za-sto-razmisluvas

Кога ќе го прашаме партнерот или партнерката за што размислува, ние всушност сакаме да слушнеме дека размислуваат за нас.

Но, во најголем број случаи, тоа нема да биде така, не затоа што не нè сакаат, туку затоа што секое човечко суштество размислува за многу работи и повеќето од нив немаат ама баш никаква врска со нивниот партнер, без разлика колку тие ги сакаат.

Затоа, ако не сакате да слушнете дека вашиот сакан размислува за тоа што има благо во фрижидерот или колку време останува до преносот на натпреварот за „вечното дерби“, или ако не сакате да слушнете како вашата сакана додека ви лежи во прегратка , размислува за тоа како треба да го исчисти шпоретот, за продуктите што треба да ги купи и за тоа како оваа недела нема да може да стигне да појде кај козметичарката...немојте да прашувате. Опуштете се во нивната прегратка и уживајте.

Со прашањето: „За што размислуваш?“ навлегувате во интимата на партнерот/партнерката и тоа многу подлабоко одошто тие сакаат.

Не се работи за тоа дека тие кријат нешто од вас, туку нормална потреба на секое човечко суштество е еден дел од својата интима да ја задржи за себе, а со вакви прашања ги принудувате да ви дадат нешто што не сакаат, евентуално да ве повредат со тоа – или да ве излажат.

Секако, на тоа прашање, најлесен одговор е „Размислувам за тебе“, но во најголем број случаи тоа е лага.

Ако партнерот сака да ви каже за што размислува, тој/таа тоа ќе го стори самиот, без да го прашувате. Доколку не сакаат, треба да им дозволите да ја задржат приватноста на сопствените мисли, баш како што и вие ја задржувате приватноста на сопствените мисли.

Галете се. Уживајте. Зборувајте си убави работи и почитувајте ја приватноста на своите партнери, па тие ќе ја почитуваат и вашата.

Сето тоа е дел од љубовта.

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg