Искрени исповеди на разведени луѓе: „Што можеше да ми го спаси бракот?“

„Апсолутно ништо не би можело да ми го спаси бракот. Се венчавме премлади и 8 години подоцна израснавме во различни насоки и станавме луѓе кои не би ни прозбореле еден со друг да се сретнеа во тој миг. На некои бракови не им е судено да траат.“

iskreni-ispovedi-na-razvedeni-lugje-shto-mozheshe-da-mi-go-spasi-brakot-01.jpg

Сè поголем е бројот на бракови кои завршуваат со развод. Но, зошто се случува тоа?

Разведени луѓе на Reddit ги откриваат причините и искрено и од срце кажуваат дали нешто би можело да го спаси нивниот брак.

Неколку емотивни исповеди:

„Бев во брак со навистина сладок човек. Секогаш се обидуваше да се докаже себеси пред светот, секогаш несреќен и незадоволен околу неговите достигнување, мислеше дека не е доволно мажествен, беше нервозен... Не можам да објаснам, а потоа и почна да пие многу. Па, на 40-годишна возраст одлучив да се разведам.

Останавме пријатели и 4 години по разводот тој ми се довери дека почнал да оди на терапија затоа што како дете бил сексуално злоставуван од семеен пријател на неговите родители. Па, ете го коренот на проблемот.

Оттогаш се прашувам во која насока ќе отидеа работите ако ми се довереше порано и ако започнеше со терапија порано, дали ако ја знаев оваа тајна мојот брак ќе опстанеше. Ме растажува што не ми кажа, можеби работите ќе беа поинакви, но тоа е.“

„Можеби немаше да се разведеме ако неговото семејство сфатеше дека одат против мене и нашиот брак кога го поддржуваа во неговото патетично и бебешко однесување. Сфаќаат дури сега, откако тој почна да живее со нив.“

iskreni-ispovedi-na-razvedeni-lugje-shto-mozheshe-da-mi-go-spasi-brakot-02.jpg

„Да бев свесна дека бракот треба да биде заедништво и тим, а не ривалство и борба на надмоќ еден против друг немаше да дојде до развод.“

„Ако беше подготвен да има емпатија кон моите битки, како јас кон неговите и ако не дозволеше неговите родители да ни се мешаат во бракот можеби ќе опстаневме.“

„Апсолутно ништо не би можело да ми го спаси бракот. Се венчавме премлади и 8 години подоцна израснавме во различни насоки и станавме луѓе кои не би ни прозбореле еден со друг да се сретнеа во тој миг. На некои бракови не им е судено да траат.“

„Да не бев себичен кретен работите ќе беа поинакви. Но, сега предоцна е, таа продолжи понатаму.“

iskreni-ispovedi-na-razvedeni-lugje-shto-mozheshe-da-mi-go-spasi-brakot-03.jpg

„Патував многу поради мојата работа и кога ќе се вратев дома на една, две седмици бев преуморен и всушност не бев присутен во мигот. Никогаш не ја изневерив, но тоа не беше доволно за да ни опстане бракот.

Таа пронајде внимание на страна, нешто што не добиваше од мене. Но, парите беа многу големи, мислев дека заработувачката ќе нè усреќи, но погрешив.“

„Да бев поранлива, да го почитував повеќе... Бев често дрска, арогантна и себедоволна.“

„Бев преуморна да му се посветам по долгиот работен и сите обврски околу домот и му станав здодевна, а јас пак бев бесна што тој само лежи на креветот.

Сега сфаќам дека грешката ми е што не ангажирав некој да ми ја чисти куќата, имавме одлични приходи, можевме да си го дозволиме тоа, а јас немаше да бидам постојано нервозна и уморна, ќе уживавме во животот.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg