Зошто сексот после кавга е толку добар за некои парови? (18+)

Речиси секоја кавга меѓу главните протагонисти во холивудските филмови се завршува со „жежок“ секс. Но, по сè изгледа ова не е мит што е ексклузивен само за филмовите, туку сексот по кавга е мошне популарен и во реалниот живот.

zoshto-seksot-posle-kavga-e-tolku-dobar-za-nekoi-parovi-18-01.jpg

Најдоброто нешто по секоја кавга со партнерот е тоа што знаете дека подоцна ќе се прегрнете и ќе се смирите.

Но, зошто многумина сметаат дека сексот по кавга е најдобар и што е она што го прави ова интимно доживување поразлично од сите други?

Хормони

Доколку за време на кавгата сте исполнети со „негативни“ хормони, по сексот се зголемува нивото на „позитивни“ хормони.

Нивото на хормоните тестостерон, адреналин и кортизол, расте кога влегуваме во конфликтна ситуација, особено ако се расправаме со луѓе што ни се драги.

Кортизолот е познат и како „хормон на стресот“ и тој го зголемува биењето на срцето и крвниот притисок, а при расправија прави вашето тело да бара блискост што може да се постигне само со сексот.

Оргазмот во вас ослободува сератонин, допамин, адреналин и окситоцин (хормонот на љубовта) поради што веднаш се чувствувате подобро, исто како да сте добиле некој убав подарок.

vector-pop-art-illustration-sexy-girl-with-gift-box-hand_1441-606.jpg

Еволуција

Тоа што бурната расправија сте ја завршиле со интимен чин ви помага да се „растоварите“ од стресот.

Доколку се чувствувате загрижени за време на кавгата, по сексот се чувствувате задоволни затоа што сте успеале да ги надминете разликите и проблемите.

Се чувствувате дека сте надминале некоја голема пречка и вашето тело има потреба да прослави.

pop-art-sexy-woman-with-red-lipstick-kissed-man_1441-169.jpg

Вознемиреност

Слично како и зголеменото ниво на кортизолот, и вознемиреноста го зголемува отчукувањето на срцето, го забрзува дишењето и го засилува крвниот притисок, а со тоа испраќа информации и до нервниот систем.

Телото може да ја преведе вознемиреноста како возбуда и да ве направи помотивирани за какво било дејствие, па и за интимен однос.

gnevot-preminuva-vo-strast-zoshto-nekoi-lugje-smetaat-deka-seksot-po-kavga-e-najdobar-seks-02.jpg

Справување со траумите

Некои луѓе едноставно преку сексот се справуваат со траумите. Психолошки, кога се расправаат, двојките честопати активираат дел од нивната меморија што се поврзува со стравот и несигурноста.

Преку сексот овие луѓе успеваат да се чувствуваат побезбедно и позаштитено.

shocked-girl-holding-hands-head-pop-art-style_88138-362.jpg

Сексот по кавга едноставно е неверојатен

По кавга сексот на многумина им се чини неповторлив, поради забрзаното дишење, но и засилените чувства.

На некои луѓе особено им се допаѓа брзата промена на емоциите што ги доживуваат за време на кавгата, а и потоа за време на сексуалниот чин.

Се чини дека интимниот чин е поагресивен, почнува најчесто со чувство на гнев и бес, а полека преминува во страст и љубов.

gnevot-preminuva-vo-strast-zoshto-nekoi-lugje-smetaat-deka-seksot-po-kavga-e-najdobar-seks-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg